Потрошувачката на луксузни стоки во Соединетите Американски Држави, мерена со трансакции со кредитни картички, падна трет месец по ред во септември и за шест проценти во споредба со истиот период минатата година, покажаа податоците од банката „Сити“.
Ова укажува на слабеење на побарувачката на најголемиот пазар за луксузни стоки пред ноемвриските избори за Конгресот на САД.
Луксузните брендови сметаа на релативно отпорна потрошувачка од страна на богатите Американци, вклучувајќи го и растечкиот број милионери од технолошкиот сектор и вештачката интелигенција, за да ја компензираат послабата продажба на другите големи пазари, особено во Кина.
Според податоците, потрошувачката за кожни производи и облека се подобри во септември во споредба со претходниот месец, додека потрошувачката за часовници и луксузен накит дополнително ослабе, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








