Благоја Устијаноски нов член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Шпаркасе банка објави дека Blagoja Ustijanoski официјално ја презеде функцијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Со ова назначување, Управниот одбор продолжува да работи во проширен состав од пет членови, дополнително зајакнувајќи ги капацитетите за реализација на стратешките приоритети и понатамошниот развој на Банката. Во својата нова улога, Благоја Устијаноски ќе биде одговорен за Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари.

– Со повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор и успешна кариера во Охридска Банка АД Скопје (Société Générale Group), по присоединувањето со Шпаркасе Банка АД Скопје во 2021 година станува Директор на Секторот за корпоративни клиенти. Во текот на изминатите години даде значаен придонес во растот и развојот на корпоративното портфолио, зајакнувањето на односите со клиентите и понатамошното позиционирање на Банката на пазарот, стои во соопштението на банката.

– Ова назначување е уште една потврда на нашата посветеност кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови. Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за натамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката, велат од банката.

Повеќе од истиот автор

Најчитано