БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ СО ПОВИСОКИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2,50 ден/лит, (Д-Е V) и ќе изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит и изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,265 ден/кг, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,230 ден/кг.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано