Белгискиот Врховен суд денеска ја потврди минатогодишната пресуда на Апелацискиот суд дека белгиските власти како колонизатори во Африка извршиле злосторства против човештвото.
Пресудата предвидува и исплата на отштета на пет жртви. Со тоа ќе биде понесена одговорност за жртвите на политиката на расна сегрегација и за киднапирањето на деца метиси (од црномуреста мајка и татко белец).
Тоа е првата пресуда против европска држава во корист на жртвите на колонизацијата.
Белгија со децении владееше со Демократска Република Конго, се до 1960 година кога земјата прогласи независност. Белгија во 2019 година првпат официјално се извини за киднапирањето на илјадници деца од нивните мајки и нивното сместување во белгиски сиропиталишта. Случајот произлезе од жалбите на пет жени кои биле насилно одвоени од своите мајки во „белгиско Конго“ пред да наполнат седум години. Судот утврди дека нивното киднапирање било дел од намерен и одржлив план на белгиската држава.
Извор/фото: МИА архива








