Беџети: Македонија одамна го потроши фискалниот простор, јавниот долг е на граница

Претседателот на Фискалниот совет предупредува дека растат каматите за долгот, а државата има сè помал маневарски простор за нови кризи.

Фискалниот простор на државата е практично исцрпен, оценува претседателот на Фискалниот совет, Абдулменаф Беџети во интервју за Економија и бизнис. Според него, јавниот долг веќе е на законската граница од 60 % од БДП, а дополнителен проблем претставуваат и неисплатените обврски кои не се целосно пресметани.

Беџети предупредува дека каматите за јавниот долг годинава ќе надминат 350 милиони евра и ќе продолжат да растат. Тој посочува дека буџетот е ригиден, Пензискиот фонд сè повеќе зависи од трансфери, а јавните претпријатија создаваат дополнителни ризици за јавните финансии.


Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано