Старица од северна Франција освои 15 милиони евра на Лото, користејќи броеви кои имаат посебно симболично значење за нејзиното семејство, објави Француската лотарија.
Добивката е остварена на 22 јули, кога жената ги играла броевите 4, 9, 10, 13 и 23, како и среќниот број 7, објавува Фигаро.
Според Француската лотарија, броевите имаат „симболична вредност поврзана со браќата и сестрите“ на бабата.
Бројот 7 го претставува бројот на внуци што ги има оваа баба.
Добитниците, кои сакаат да останат анонимни, планираат да ја споделат добивката, која е најголемата добивка на Лото досега во одделот Нур.
Претходниот рекорд беше 13 милиони евра, а беше освоена на 22 јули 2009 година, точно 17 години пред оваа добивка.
Членовите на семејството планираат да ги искористат парите за исполнување на разни желби, вклучително и купување автомобили и куќа, како и патувања и крстарења, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








