Азески: Корупцијата и сивата економија ја кочат конкурентноста на македонските компании

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, смета дека брзите реформи, воспоставувањето правна држава и доследната примена на принципите на пазарната економија се клучни за зголемување на конкурентноста на домашните компании.

„Дефинитивно, ако сакаме конкурентни компании, иновативни и креативни, со потенцијал за раст и развој, мора да се обезбеди фер конкуренција, еднаков третман на компаниите на пазарот“, истакнува Азески, во интервјуто за Економија и бизнис

Според него, меѓу приоритетите треба да бидат конечното решавање на проблемите со корупцијата и сивата економија, како и донесувањето нов закон за јавни набавки со кој домашните компании ќе имаат предност.

Азески посочува и на потребата од помала употреба на готовина во прометот, воведување електронски фактури и воспоставување современ систем на статистичка евиденција, кој ќе биде основа за креирање поквалитетни економски политики.

Овие промени, според него, се неопходни за создавање деловен амбиент во кој компаниите ќе можат рамноправно да се натпреваруваат, да иновираат и да остваруваат долгорочен раст.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано