ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт

Осумнаесет возила од кои две специјално опремени за следење доби Инспекторатот за транспорт од Европската унија. Донацијата, што денеска лично евроамбсадорот Михалис Рокас му ја предаде на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е вредна 700 илјади евра. За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка којашто ќе овозможи Инспекторатот многу поефикасно да ја […]
СРБИЈА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРВАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ДО 2035 ГОДИНА

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека целта е Србија да ја заврши првата фаза од нуклеарната програма до средината на 2027 година, а изградбата на нуклеарната централа да започне до 2035 година. Ѓедовиќ Хандановиќ, на отворањето на работилницата за улогата и одговорностите на Националното тело за спроведување на програмата за нуклеарна […]
АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЦАРИНЕЊЕ ОД 500 ОТСТО ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ ТРГУВААТ СО РУСКА НАФТА

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го поддржи законот за нови санкции против Русија, кој го водеше неодамна починатиот републикански сенатор Линдзи Греам, повикувајќи се на неименуван функционер од Белата куќа. Оригиналниот закон предвидува царини од најмалку 500 проценти за стоки и услуги од земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас и ураниум. […]
ОАЕ ГО СТАБИЛИЗИРА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР НА НАФТА СО ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА 80 ОТСТО

Обединетите Арапски Емирати го информираа ОПЕК дека нивното производство на нафта се зголемило за дури 80 проценти во јуни во споредба со претходниот месец, откако Абу Даби најде начин да ги заобиколи нарушувањата предизвикани од војната меѓу Иран и САД и излегувањето од Организацијата на земјите извознички на нафта, давајќи му слобода значително да го […]
ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА ЦИГАРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 12 ЕВРА, дополнителните приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем

Просечната цена на пакување цигари во Германија би можела да се зголеми за речиси 50 проценти до 2030 година, од сегашните приближно осум евра на речиси 12 евра. Како што објавија германските медиуми, повикувајќи се на документот на Министерството за финансии на Германија наменет за коалициските партнери, зголемувањето на акцизите ќе биде поголемо од планот […]
НА АВТОПАТОТ ОД СОЛУН ДО ХАЛКИДИКИ СЕ ГРАДАТ НОВИ НАПЛАТНИ РАМПИ

На патот кон Грција се градат нови наплатни рампи, а една од нив се наоѓа на автопатот Игнација, еден од најважните патишта во северна Грција, преку кој туристите патуваат до Халкидики, Тасос, Кавала и други одморалишта во северна Грција. Работите на изградба на нова наплатна рампа во градот Нисели, во областа Имати, на околу 64 […]
ИЗБРАНИ ОСУМ НОВИ МИНИСТРИ ВО РЕКОНСТРУИРАНАТА ВЛАДА, Мицкоски очекува од идниот министер за правда своето академско искуство да го стави во служба на создавање правосуден систем во кој правдата нема да биде привилегија

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за […]
ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА БАРЕМ ЕДНАШ МЕСЕЧНО НАРАЧУВААТ ПРЕКУ КИНЕСКИТЕ ОНЛАЈН ПЛАТФОРМИ, најмала употреба е забележана во Германија и Франција, а најмногу нарачуваат од …

Повеќе од половина од потрошувачите во Еврозоната купуваат стоки преку кинески онлајн платформи, првенствено поради ниските цени и големиот избор на производи, според анализа објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ). Европската комисија проценува дека околу 90 проценти од сите пратки со ниска вредност што влегле во ЕУ во 2024 година од областа на онлајн […]
САД ПОВТОРНО ВОВЕДУВА ПОМОРСКА БЛОКАДА НА ИРАНСКИТЕ ПРИСТАНИШТА, Трамп објави дека САД во иднина ќе наплаќаат такса од 20 проценти за целиот товар што поминува низ Ормуската Теснина

Со наредба на претседателот на Соединетите Американски Држави, силите на Централната команда на САД (CENTCOM) повторно ќе воведат поморска блокада на сообраќајот што влегува и излегува од иранските пристаништа. Блокадата ќе започне на 14 јули во 16 часот по источно време, соопшти CENTCOM. Американските сили ќе ги контролираат бродовите што патуваат кон иранските пристаништа и […]
ВО ПОЖАР ПОКРАЈ ПАРКИНГ (ИЗ)ГОРЕА ШЕСТ ВОЗИЛА КАЈ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при […]