НАМАЛЕНИ АКЦИЗИТЕ ЗА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ, од денеска во Србија важат привремените мерки

Oд денес до 26 јули, акцизите за нафтените деривати во Србија ќе бидат намалени за 20 проценти. Привремените износи на акциза за оловен бензин ќе изнесуваат 61,24 динари на литар, безоловен бензин 57,60 динари на литар и за гасни масла (дизел) 59,23 динари на литар. Владата на Србија ја усвои Одлуката за привремено намалување на […]
ДИСТРИБУТЕРИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ СО ВЛАДАТА ЌЕ ДЕБАТИРААТ ЗА ПРОДАЖНИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА

За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот […]
ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК НА ШЕЌЕР, дополнителни даноци за безалкохолните пијалоци

Германската министерка за здравство Нина Варкен (CDU) објави дека Германија очекува да генерира околу 650 милиони евра следната година преку планираниот данок на шеќер. Овој приход ќе се користи за зајакнување на фондовите за законско здравствено осигурување и со тоа ќе им се обезбеди олеснување на осигурениците, изјави Варкен за германската уредничка мрежа RND. „Ќе […]
ПОЖАР НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СТРУМИЦА, АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ОСТАНАТ СМИРЕНИ

ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево. Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија […]
ВО ГОСТИВАР ДНЕВО СЕ ПРИЈАВУВААТ 300 ГРАЃАНИ СО СТОМАЧНИ ТЕГОБИ – Клековски: Трендот на новопријавени случаи во Гостивар не опаѓа

Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и во последните 24 часа имаме нови пријавени. Бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно. Вчера имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел. Денеска имаме слична бројка на детското одделение и околу 200 на Инфективниот оддел, изјави министерот за […]
МЕСТА ЗА УПИС НА 8.851 СТУДЕНТ, УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување на вкупно 8.851 студент на прв циклус во учебната 2026/2027 година. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти. Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот […]
ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДУВА БЕСПЛАТНА ВОДА ЗА ГОСТИВАРЦИ

Владата, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди […]
ДОЛГИ ЧЕКАЊА НА АЕРОДРОМИТЕ ПОРАДИ СИСТЕМОТ ЗА КОНТРОЛА НА ЕУ, британските туристи со реакација дека некои пропуштиле летови

Новиот систем за контрола на границите на Европската Унија речиси го зголеми времето потребно на британските патници да поминат низ пасошка контрола, дури и по надградбите на системот, изјави директорот на главниот аеродром во Рим, пишува Би-Би-Си. Ова доаѓа откако „Рајанер“ ги предупреди патниците што патуваат во Европа ова лето да се подготват за подолги […]
АПЕЛ ДО ГОСТИВАРЧАНИ: Да соработуваат за епидемиолошки анкети и да ги следат препораките за давање мостри

Доктор Драган Кочински, раководител на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, денеска упати апел до населението во Гостивар, да соработува со луѓето кои им се јавуваат за епидемиолошко анкетирање и да ги слушаат препораките на здравствените работници во однос на давањето мостри, односно примероци за анализа за микробиолошко испитување. – […]
МНОГУ ТОПЛО ДО ВТОРНИК, заладување и дожд од среда

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на […]