БАНКИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА ГИ ЗАОСТРИЈА УСЛОВИТЕ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ, се зголеми и уделот на одбиени барања за потрошувачките кредити

Банките во еврозоната умерено ги заострија критериумите за одобрување кредити на компании и поединци во вториот квартал од 2026 година, првенствено поради зголемените економски ризици, геополитичката и енергетската неизвесност и намалената подготвеност на банките да преземаат ризици. Според резултатите од јулското истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) за банкарското кредитирање, седум проценти од анкетираните банки […]

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА БЛИЗУ 88 ДОЛАРИ

На лондонскиот пазар, барел нафта се тргуваше попладне по речиси иста цена како и на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела – 87,92 американски долари. На американскиот пазар, цената беше за 51 цент пониска и изнесуваше 81,98 американски долари, пренесува Хина. Расположението на пазарите минатата недела беше обележано со ескалацијата на конфликтот меѓу […]

ДИВИОТ ПРИКЛУЧОК ЗА ПУМПИТЕ ЗА ВОДА ВО ГОСТИВАР НЕ СЕ НАОЃАЛ ВО САНИТАРНИТЕ ЗОНИ, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата

 Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до  Министерството за животна […]

АХВ зема официјални мостри од вода, а тестирање на примероците врши Институтот за јавно здравје, кој треба официјално да ги достави резулатите до АХВ, изјави Миланов

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба […]

ВИ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ГЛОБАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 10 ПРОЦЕНТИ, прогноза на познатиот американски професор по економија

Економистот кој ја предвиде кризата во 2008 година верува дека вештачката интелигенција и роботиката ќе ја зголемат продуктивноста и ќе бараат прераспределба на богатството. Професорот по економија од Њујорк, Нуриел Рубини, презентираше невообичаено оптимистичка прогноза за влијанието на вештачката интелигенција, која, според него, може да донесе глобален економски раст од дури десет проценти, пишува Политика. […]

СРБИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО СЛЕДИ РОМАНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ОД САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ВО ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА БРИТАНЦИТЕ, ЌЕ ГИ НАМАЛУВА ДАНОЦИТЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА

Владата на новиот британски премиер Енди Барнам ќе ги намали даноците на сметките за електрична енергија, соопшти Даунинг стрит во вторник, додека се обидува да ги исполни ветувањата за ублажување на кризата со трошоците за живот. Британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за електрична енергија за домаќинствата од […]

 СИЛНО НЕВРЕМЕ КОРНЕШЕ ГОЛЕМИ ДРВЈА,  УНИШТЕНИ ВОЗИЛА И УРБАНА ОПРЕМА ВО СТАР ДОЈРАН

Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, […]

ЧЕСТВУВАЊЕ ВО СОФИЈА ЗА 100-ГОДИШНИНАТА ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА КРСТЕ МИСИРКОВ

По повод 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе организира пригодно чествување посветено на една од најзначајните личности во македонската културна и национална историја. Во рамки на настанот ќе се одржи предавањето „Поетиката на националната идеја: книжевна интерпретација на „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков“, на кое проф. д-р Анита […]

ОД ДЕНЕСКА ВАЖАТ ПОВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНОТ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 […]