ХРАНАТА МОЖЕ ДА ПОСКАПИ И ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЃУБРИВА преку еден од најважните трговски патишта во светот

Војната во Иран би можела да ги зголеми глобалните цени на храната, бидејќи конфликтот ги нарушува испораките на ѓубрива преку еден од најважните трговски патишта во светот. Додека енергетските пазари се фокусираа на ризиците од снабдување со нафта, аналитичарите велат дека заканите за синџирите на снабдување со ѓубрива преку Ормускиот теснец би можеле да донесат […]

„КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ е ослободувањето на 400 милиони барели нафта од резервите“, предупредуваат експертите

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата. Одлуката за ослободување на количини од стратешките резерви беше донесена едногласно од 32-те членки на ИЕА. Ослободувањето ќе се случи во временска рамка што е најсоодветна за условите во кои се наоѓа секоја […]

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,6 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во секторот Рударство и вадење камен има намалување на бројот на работниците за 6,2  проценти, во Преработувачката индустрија за  3,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и […]

Цената на американската нафта со најголем дневен пад за четири години

Цените на нафтата паднаа најмногу за четири години, бидејќи трговците внимателно делуваа поради  низа контрадикторни изјави за знаци за одржливост на краткорочните текови низ Ормускиот теснец. West Texas Intermediate го заврши вчерашниот ден со пад од 12%, што е најголем пад од март 2022 година. Тргувањето беше затворено со вредност над 83 долари за барел. […]

Лагард: ЕЦБ ќе направи сè за да ја држиме инфлацијата под контрола

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека ќе се направи сè што е потребно за да се стави инфлацијата под контрола. „Ќе направиме сè што е потребно за да се осигураме дека инфлацијата е под контрола и дека Французите и Европејците нема да го доживеат зголемувањето на инфлацијата што го видовме во 2022 […]

СКОКОТ НА ЦЕНИТЕ НА АВИОНСКОТО ГОРИВО ГО ПОСКАПУВА ЛЕТАЊЕТО, цените на билетите на линиите меѓу Азија и Европа нагло се зголемија

Австралискиот авиопревозник „Квантас ервејс“, скандинавскиот авиопревозник „САС“ и „Ер Њу Зеланд“ објавија зголемување на цените на билетите во вторник, обвинувајќи го скокот на цените на горивата предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток. Цените на авионското гориво, кои беа околу 85 до 90 долари за барел пред нападите на САД и Израел врз Иран, скокнаа на […]

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 300 КАМИОНЏИИ ОД БиХ СЕ ВРАТЕНИ ОД ХРВАТСКАТА ГРАНИЦА, од регионална борба камионџиите се борат секој за себе

Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина, кои неодамна протестираа заедно поради новиот систем EES, се разликуваа околу времето на новите гранични блокади. Додека возачите од БиХ, соочени со масовно враќање од хрватската граница, најавуваат протест веќе на 23 март, здруженијата од Србија одлучија да почекаат до 14 април, бидејќи тврдат дека нивните возачи засега […]

ИТНА СЕДНИЦА НА ИЕА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МИЛИОНИ БАРЕЛИ  ОД НАФТЕНИТЕ РЕЗЕРВИ НА БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ

Директорот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Фатих Бирол денес свика вонреден состанок за да се разгледа дали да се ослободат милиони барели нафта од резервите за вонредни ситуации поради наглиот пораст на цените на енергијата поради војната на Блискиот Исток. Целта на состанокот, кој ќе се одржи денес, ќе биде „да се процени моменталната […]

Фон дер Лајен и Макрон повикаа ЕУ-мобилизација за нуклеарната енергија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека ЕУ ќе воспостави гаранција од 200 милиони евра за поддршка на инвестициите во напредна нуклеарна технологија, а средствата за ова ќе бидат обезбедени од системот за тргување со емисии на CO2. -Мора да го мобилизираме Западот. И денес можам да објавам дека ќе создадеме […]

УЈП:  Угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности се најголем даночен ризик

Неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет се констатирани кај даночните субјекти при секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи. Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека се оди со сеопфатни мерки за да се спречат ваквите појави.  Во фокусот се оние дејности кај кои има најголем даночен ризик за загуба на […]