Воздухот во Дебар често ги надминува препорачаните нивоа за заштита на здравјето  

Од  почетокот на мерењата на квалитетот на воздухот во Дебар, објавени се првите резултати, кои покажуваат дека загадувањето на воздухот во градот често ги надминува препорачаните нивоа за заштита на здравјето.   Во околу две третини од мерењата извршени во текот на последните две недели, концентрациите на PM 2.5 честичките биле над границите препорачани од Светската здравствена […]

ДОПОЛНИТЕЛНИ 186 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИНЕСКИОТ ИЗВЕДУВАЧ за автопатот Кичево – Охрид, Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во […]

Конференција: За успешни евроинтеграции неопходно е и активно учество на граѓанското општество, синдикатите и бизнис-заедницата

Освен реформите, за успешен евроинтеграциски процес е неопходно и активно учество на граѓанското општество, синдикатите, организациите на работодавачи и бизнис-заедницата, е главната порака од конференцијата со социјалните партнери и граѓанските организации од земјава, организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) и неговиот Комитет за следење на Западен Балкан, што се одржа во Европската куќа во Скопје. […]

ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА ВОЗАЧИ НА АВТОБУСИ ВО ЗАГРЕБ, Градското претпријатие нуди платена преквалификација и плата од околу 1.950 евра

Градското претпријатие ЗЕТ од Загреб бара нови возачи на автобуси, а поради недостиг на работници, за прв пат целосно и веднаш ги покрива трошоците за преквалификација на кандидатите, пишува ХРТ. За да привлече повеќе кандидати, ЗЕТ одлучи да ги подобри условите. Додека минатата година кандидатите сами плаќаа за преквалификација, а потоа бараа враќање на парите, […]

ДОМАТИ ЗА 160 ДЕНАРИ, ЗЕЛКА ЗА 80 ДЕНАРИ И МАРУЛА ЗА ПОЛОВИНА ЕВРО ПАРЧЕ, ДЕНЕШЕН ЦЕНОВНИК НА ЗЕЛЕНЧУКОТ НА ЗЕЛЕНИОТ ПАЗАР

Конфликтот во Иран предизвикува пораст на цените на енергија и ѓубрива и тревога дека може да се врати инфлацијата. Земјоделците се подготвуваат за недостиг на ресурси кој би можел негативно да влијае на приносите. Во функција на избегнување на поголеми ценовни шокови претставниците на маркетите во Македонија  и премиерот Христијан Мицкоски завчера одржаа  состанок на […]

СЛОВЕНИЈА СТАНА „БЕНЗИСКИ РАЈ“ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД ИТАЛИЈА И АВСТРИЈА, словенечката влада ја намали акцизата за горивата

Цените на бензинот во Словенија растат, но помалку отколку во другите земји. Словенечката влада ги намали акцизите, со што се намали зголемувањето на цените на бензинот и дизелот. Цените во Словенија се прилагодуваат на секои две недели врз основа на меѓународните цени на горивата и курсот евро-долар. Во овој момент, за жителите на Трст и […]

ВО МАКЕДОНИЈА стапка на фертилитет е значително под нивото за природна обнова на населението

Во Европската Унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет […]

НАД 170.000 АПЛИКАЦИИ ЗА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЕУ, платите се движат меѓу 6 и 7 илјади евра

Зграда на ЕУ во Македонија

Европската канцеларија за вработување (EPSO) денес објави дека околу 170.000 луѓе аплицирале за тест кој би можел да им овозможи добро платена и сигурна работа во институциите на Европската Унија (ЕУ). Но, шансите за повеќето од нив се мали, бидејќи се отворени помалку од 1.500 работни места, проценува порталот Политико. -Бројот на кандидати ги надмина […]

ЕВРОПСКАТА УНИЈА СООЧЕНА СО ПОВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ПО ВОЈНАТА ВО ИРАН

Европската Унија денес предупреди дека инфлацијата би можела да достигне 3 проценти оваа година доколку војната на Блискиот Исток ги одржи цените на нафтата од типот Брент околу 100 долари за барел, а цените на бензинот повисоки подолг период. Во такво сценарио, економскиот раст во 2026 година би бил и за 0,4 процентни поени помал […]

ПОВТОРЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА НА НАД 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ

Цените на нафтата повторно се искачија над 100 долари за барел преку ноќ, три дена откако достигнаа четиригодишен максимум, бидејќи продолжува војната меѓу САД и Израел со Иран. Скокот се случи и покрај тоа што земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно се согласија да пуштат рекордни 400 милиони барели нафта на глобалниот пазар. […]