ГЕРМАНСКАТА (АВТОМОБИЛСКА) ИНДУСТРИЈА БРЗО СЕ ВРТИ КОН ВОЕНО ПРОИЗВОДСТВО, 36 проценти од компаниите се директно или индиректно активни во одбранбениот сектор

Германската домашна индустрија брзо се свртува кон воено производство, бидејќи многу компании ја гледаат својата шанса таму, изјавија од  Германската индустриска и трговска комора (ДИХК). Во анкета спроведена меѓу членовите на комората, речиси една третина од анкетираните компании од индустрискиот сектор гледаат можности за сопствен бизнис модел во безбедносниот и одбранбениот сектор, пишува германската новинска […]

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, цената наскоро би достигнала 150 долари предвидува американската инвестициска банка

Цените на нафтата би можеле да достигнат 150 долари за барел доколку протокот на енергија низ Ормускиот теснец остане нарушен до средината на мај, објави банката JP Morgan. Американската инвестициска банка истакна дека нафтата наскоро ќе се движи на ниво од 120-130 долари за барел. Цените на нафтата повторно пораснаа, при што американската сурова нафта […]

Инфлацијата во Турција на најниско ниво во последните четири години

Годишната инфлација во Турција  забави на 30,87 проценти во март, од 31,53 проценти во февруари, што е најниско ниво во последните четири години, покажуваат официјалните податоци. Оваа бројка претставува најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од декември 2021 година, кога инфлацијата, според Турскиот институт за статистика, изнесуваше 36,08 проценти. На годишно ниво, најголемо зголемување на […]

ВРАБОТЕНОСТА ВО САД СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА  178.000 РАБОТНИ МЕСТА

Американскиот пазар на трудот се опорави во март, при што создавањето работни места е многу посилно од очекуваното. Вработувањата надвор од земјоделството се зголемија за сезонски прилагодени 178.000 во текот на месецот, со што се поништи падот од 133.000 во февруари, објави Бирото за статистика на трудот. Стапката на невработеност се намали на 4,3%, иако […]

ЦЕНАТА ЗА ИТНА ИСПОРАКА НА НАФТАТА БРЕНТ СЕ ИСКАЧИ НА 141 ДОЛАР

Спот цената за тековните физички товари на сурова нафта од типот Брент се искачи на 141,36 долари во четврток, највисоко ниво од финансиската криза во 2008 година, според S&P Global. Спот цената ја одразува побарувачката за сурова нафта од типот Брент што треба да се испорача во следните 10 до 30 дена. Високата цена за […]

Нов повик за инвертер-клими со целосно електронско аплицирање

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување инвертер-клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик. – Првпат процесот на аплицирање ќе се одвива […]

МФ: Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал и раст на приходната страна

Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и раст на приходната страна, што укажуваподобрена наплата. Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7%, при што највисок пораст се забележува кај […]

ФАО: СВЕТСКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА РАСТАТ ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД, со зголемување на цените регистрирано во сите категории

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во март, на највисоко ниво од септември 2025 година, а зголемување на цените е регистрирано во сите категории, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните […]

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОДОЛГОТРАЈНА НАФТЕНА КРИЗА,  се ослободуваат резерви на гориво

Европа се соочува со ново зголемување на цените на горивата, додека некои земји веќе посегнуваат по стратешки резерви за да го ублажат влијанието врз пазарот. Во Германија, цената достигна околу 2,3 евра за литар, додека возачите во Велика Британија плаќаат повеќе од 2,5 евра, што е моментално највисоко во Европа. Зголемување на цените беше најавено […]

ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО СРБИЈА Е НАМАЛЕНА ВРАБОТЕНОСТА ЗА 28.000 ЛИЦА, секое четврто младо лице е без работа

Во Србија, во 2025 година, бројот на вработени лица изнесувал 2.869.500, бројот на невработени 272.400, а бројот на лица надвор од работната сила 2.464.200, објави денес Републичкиот завод за статистика. Стапката на вработеност изнесувала 51,2 проценти, а стапката на невработеност 8,7 проценти. Во споредба со претходната година, има намалување на бројот на вработени лица за […]