СЛОВЕНЕЧКАТА ВЛАДА РАЗРАБОТУВА МОДЕЛИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ЗА ХРАНАТА, поради пониските цени Словенците пазаруваат во Италија и Австрија

Словенечката влада размислува за намалување на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи. Економистите предупредуваат дека понискиот ДДВ не мора да значи пониски цени на храната. Во Словенија, храната моментално има стапка на ДДВ од 9,5 проценти, една од највисоките во споредба со соседните земји. Во четврток, владата разговараше за почетните точки за интервентни […]

ДАНОК НА ВОНРЕДНА ДОБИВКА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ, предлагаат министрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија

Министрите за финансии на пет земји-членки на Европската Унија повикаа на воведување данок на вонредна добивка на енергетските компании поради зголемувањето на цените на горивата поради војната со Иран, според писмо испратено до Европската комисија. Mинистрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија, во заедничко писмо од петок, истакнаа дека таквата мерка би […]

Албанија се соочува со егзистенцијална криза за работна сила,  40 отсто од работниците ја напуштиле земјата

Албанија се соочува со егзистенцијална криза за работна сила, бидејќи околу 40 отсто од нејзиниот човечки потенцијал веќе избрал да изгради живот во странство. Годишниот извештај на Централна банка на Албанија за 2025 година преупредува на загрижувачките бројки за емиграцијата, класифицирајќи ја не само како социјална неволја, туку како ризик што го погодува економскиот раст и […]

Прво и второ место за учениците од СТЕМ Академија на Олимпијадата по роботика на грчкиот остров Крит 

Со едно прво и едно второ место, учениците од Академијата СТЕМ, се враќаат од Олимпијадата за роботски спортови – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит. Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев поделени […]

Онкологија: Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Бројот […]

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради две трки

Во Скопје утре ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот. Утре со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, при што сообраќајот ќе биде затворан во три интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 […]

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4, а на бензините за 2 денара по литар 

Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Општина Илинден и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата. -Берзата за […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди источна Турција

Турската агенција за катастрофи соопшти дека денеска земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди источната покраина Ван. Нема непосредни извештаи за жртви или штети, соопшти агенцијата АФАД во соопштението, додавајќи дека теренските проценки се во тек. Земјотресот го погоди округот Тушба во 8:52 часот наутро на длабочина од седум километри, а потресите се почувствуваа […]

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура 

Управата за јавни приходи соопшти дека интензивно работи на реализација на проектот е-Фактура и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно се тестираат сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура. УЈП ги повика  сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, […]

ОТВОРЕНИ 20 ИЛЈАДИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ ЗА ПЛАТИ  И НАД 6.500 ЕВРА, Швајцарија како најатрактивна дестинација за работа во Европа

Швајцарија останува една од најатрактивните дестинации за работа во Европа, нудејќи илјадници отворени работни места и плати што можат да достигнат, па дури и да надминат, 6.500 евра месечно, а во специјализираните сектори, значително повеќе. Според неодамнешните податоци од европската мрежа за вработување EURES, оваа земја моментално има околу 20000 слободни работни места, што укажува […]