СЛЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЌЕ ГО ДОСТИГНАТ ВРВОТ, изјави американскиот министер за енергетика

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека цените на нафтата ќе останат високи и може да продолжат да растат сè додека не се воспостави сериозен бродски сообраќај низ Ормускиот теснец. „Веројатно ќе видиме како цените на нафтата ќе достигнат врв во следните неколку недели пред да почнат да паѓаат“, рече Рајт на економски форум […]

КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ПОРАЗОТ НА ОРБАН ВРЗ РЕГИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА? – зад првиот бран оптимизам лежи многу потешка макроекономска слика за Унгарија

По шеснаесет години непрекинато владеење, Виктор Орбан ја напушта власта, а Унгарија влегува во период кој веќе се опишува како крај на политичка и економска ера. Пазарите ја дочекаа одлуката на гласачите со речиси еуфорија: форинтaта се зајакна на највисоко ниво во последните неколку години, приносите од државните обврзници паднаа, а унгарските акции бележат солидни […]

ОПЕК: ВОЈНАТА ВО ИРАН ЌЕ ЈА НАМАЛИ ГЛОБАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКАТА НА НАФТА, во првиот квартал има висок раст на цените на нафтата

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во понеделник ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во вториот квартал за 500.000 барели дневно, наведувајќи го влијанието на војната на Блискиот Исток. Во својот априлски извештај, ОПЕК прогнозираше дека глобалната побарувачка на нафта во вториот квартал во просек ќе изнесува 105,07 милиони барели дневно. […]

ФРАНЦУСКИТЕ СИНДИКАТИ СЕ ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА 1 МАЈ

Соочен со притисок од француските синдикати кои се противат на најавеното усвојување на законот за продолжување на работното време за 1 мај, францускиот премиер Себастијан Лекур изјави дека засега нема да ја свика Заедничката комисија на Француското собрание и Сенатот (ЗСМ), која би можела да го усвои овој закон, изјави за Фигаро неименуван добро информиран […]

ВО ЕВРОПА РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ СО ПОЧЕТОКОТ НА НАФТЕНАТА КРИЗА

Поради растот на цените на горивата се зголемува и интересот за електрични возила низ цела Европа од почетокот на војната во Иран. Растечките цени на горивата сè повеќе ги истакнуваат придобивките од поевтиното полнење на електрична енергија. Платформите за онлајн продажба на автомобили во Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија бележат силен пораст на барањата […]

АМЕРИКАНЦИТЕ  ПОЧНАА СО БЛОКАДАТА НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

Денеска САД почнаа да ги блокираат бродовите кои влегуваат или излегуваат од Ормускиот теснец, обидувајќи се да го зголемат притисокот врз Иран да го отвори клучниот нафтен пат откако мировните преговори пропаднаа. Претседателот Доналд Трамп, објавувајќи го планот во неделата на Truth Social, остро го критикуваше Иран за одбивањето да се откаже од своите нуклеарни […]

ОПЕК: ИРАК И САУДИСКА АРАБИЈА СО НАЈГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА

Производството на нафта во неколку земји на Блискиот Исток се намали во текот на март поради конфликтите во регионот, според извештајот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Според податоците на ОПЕК, најголем месечен пад е забележан во Ирак и Саудиска Арабија, каде што производството е намалено за 2,563 милиони барели дневно. Иран, според […]

ВО СВЕТОТ СЕ ВРТАТ ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ,  запленети околу 50 милиони „севернокорејски долари“ 

Во светот секојдневно во оптек има помеѓу 70 и 200 милиони долари фалсификувани банкноти или една фалсификувана банкнота на секои десет илјади вистински долари, покажуваат проценките на Министерството за финансии на САД. Европол во февруари 2026 година заплени околу 1,2 милијарди евра фалсификувани банкноти да влезат во оптек, при што полициските и царинските служби од […]

КАКО ДА СЕ ВРАТИМЕ НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ ПО ЧЕТИРИ ДЕНА ОДМОР? – никој не се враќа од одмор со полна брзина

Четири дена одмор можат да направат големи промени во работните навики и тоа е доволен период за да се забави темпото, да се заборави на обврските  и  роковите, е-поштата … Но, токму кога ќе се навикнеме на тоа темпо, празниците завршуваат и следува враќањето во секојдневниот живот – честопати побрзо отколку што би сакале. Всушност, […]

ИНФЛАЦИСКИ БРАН СЕ ШИРИ НИЗ СВЕТОТ, директорка на ММФ со препораки за надминување на последиците

Инфлациски бран се формираше глобално како резултат на војната на Блискиот Исток, а економистите не можат да прогнозираат колку последиците од нафтената криза ќе влијае на азиската и на европската економија. Само за еден месец од почетокот на воениот конфликт во Иран, инфлацијата во Европската Унија се зголеми од 1,9 на 2,5 проценти. Војната на […]