ДИЗЕЛОТ СО НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА ВО ШВЕДСКА И ЧЕШКА, ГОРИВАТА ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 13 ОТСТО, Кина за прв пат ги намали малопродажните цени

Цените на горивата и мазивата за транспорт во Европската Унија во март 2026 година се зголемија за 12,9 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, по неколкумесечен пад, покажаа податоците на Евростат. Највисок годишен раст е забележан во Германија (+19,8 проценти), Романија (+19,6), Холандија (+18,8), Латвија (+18,5) и Австрија (+17,2 проценти). Унгарија […]
Гимназијалецот Даниел Христов од Штип освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. -Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон […]
МВР: Потврдите за платенена казна од „Безбеден град“ нема потреба да се носат во полициска станица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. -Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата […]
ПЛАТИТЕ ВО АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, нето-платата во февруари е 46.159 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, […]
Мицкоски – Штокер: Има голем потенцијал за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји

Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена. Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите […]
Општина Делчево организира бизнис-форум за поттикнување на локалниот економски развој

Општина Делчево на 30 април ќе организира бизнис-форум под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, чија цел е да обезбеди простор за поврзување на локалната бизнис-заедница, институциите и потенцијалните инвеститори, како и за размена на идеи и иницијативи насочени кон економски развој на општината. Форумот ќе се одржи во салата на Спомен-домот АСНОМ со […]
Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет и дека таа не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност. – За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да […]
УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април […]
ЕК СО МЕРКИ ЗА НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ НА ЦЕНОВНИТЕ ШОКОВИ КАЈ ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА

Европската комисија денеска предложи мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и за забрзано воведување на обновлива енергија. Координацијата на активностите е од клучно значење, се наведува во соопштението на ЕК по овој повод. Мерките ќе бидат дискутирани на проширениот состанок на Европскиот совет во Кипар во следните два дена. Комисијата е подготвена да […]
ЛОГИСТИКАТА КАКО СТРАТЕШКА ПРЕДНОСТ: НОВИ ЗНАЕЊА ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ КОМПАНИИ

Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржани од MSC Македонија, реализираа Reefer Master Class на тема „Најнови трендови и практики во фриго логистиката“ за унапредување на извозната конкурентност на домашните компании. Настанот ги обедини претставниците на извозно ориентирани компании, логистички експерти и институции, како […]