ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година

Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти  во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти.  Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) […]

И покрај нападите: Танкерите со течен гас повторно минуваат низ Ормуската Теснина

Податоците за следење на бродовите покажаа дека повеќе танкери за течен природен гас продолжиле да минуваат низ Ормуската Теснина во последните денови и покрај обновените борби на Блискиот Исток. Вкупно 22 бродови поврзани со Јапонија го напуштија Заливот од вторникот, соопшти Токио. Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас, […]

„Тиквеш“ го унапредува одржливото лозарство преку партнерство со лозарите, знаење и иновации

Во рамки на долгорочната платформа за стратешката соработка со лозарите, Винарската визба „Тиквеш“ ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти, која годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот и поголема отпорност на лозовите насади на климатските промени.

Во Германија повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со горештините за време на јунскиот топлотен бран

Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“. Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури. Германија се соочи со неколкудневни […]

Нови правила за организирање подарувања (GIVEAWAY) – задолжителна дозвола и утврдени услови за организирање

Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството […]

По 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата – само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност […]

Во САД рударството ги обедини републиканците и демократите, Македонија сè уште ги одложува новите инвестиции

И покрај длабоките политички разлики, американските републиканци и демократи постигнаа согласност околу една тема – потребата од поголемо домашно производство на критични минерали. Членови на Претставничкиот дом од двете партии заеднички предложија законски акт со кој се поттикнува отворањето нови рудници и развојот на рударскиот сектор. Во Македонија, пак, ситуацијата е сосема поинаква. Повеќе од […]

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења – соопшти службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни […]

Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени […]