Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија)

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични […]
Проф. Трајковски: Вештачката интелигенција е тројанскиот коњ на нашето време

Сите ја знаеме познатата приказна за Тројанскиот коњ, каде што луѓето со одушевување сами ја внесоа опасноста во својот град мислејќи дека добиваат прекрасен подарок. Денес нешто слично ни се случува со вештачката интелигенција, која со одушевување ја инсталираме на секој можен телефон и компјутер. На прв поглед сѐ изгледа одлично, бидејќи таа им ги […]
Започна реконструкција на поликлиниката „Идадија“

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка […]
Нови наоѓалишта речиси и да нема – бакарот станува стратешки ресурс, рудникот кај Иловица се уште чека реализација

Светот влегува во период кога бакарот ќе биде сè потежок за обезбедување. Во извештајот „Global Critical Minerals Outlook 2026“, Меѓународната агенција за енергетика наведува дека откривањето нови резерви значително забавува, а подготовката на нови рудници трае речиси две децении. Во последните 35 години само мал дел од новите наоѓалишта се откриени во последната деценија, додека […]
Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание

Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот […]
Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?

Бавниот економски раст, жестоката конкуренција и вештачката интелигенција им отежнуваат на младите луѓе да ја добијат својата прва работа. Овој проблем првпат беше забележан во Кина, додека во Европа, младите луѓе во Германија и Австрија се моментално најпогодени. Младите луѓе низ целиот свет се соочуваат со сè поголема конкуренција по завршувањето на училиштето. Бројот на […]
Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години

Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години, во екот на летната сезона на полнење на складиштата во ЕУ за претстојната зимска сезона на греење и ескалацијата на конфликтот на Блиски Исток. На берзата во Холандија (ТТФ) мегават-час гас за испорака во август кратко време се тргуваше за 63,94 евра, […]
Изработена првата национална Водородна студија – државата се позиционира на идната европска водородна мрежа

Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина.
АХВ: Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата – покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спроведени во вторникот. Како што информира АХВ, инспекторите извршиле 70 вонредни надзори, со кои биле опфатени кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување овошје […]
Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната недела

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се […]