Временските услови ќе одлучат дали Европа ќе избегне нова енергетска криза

Европа се подготвува за уште една неизвесна зима, со најниски резерви на природен гас за овој период од годината од 2021 година и со намален увоз на течен природен гас (LNG). Конфликтите на Блискиот Исток, заедно со зголемената побарувачка од азиските земји, дополнително го намалуваат снабдувањето, поради што цените на гасот повторно бележат силен раст. […]
Пријави се денеска, трчај во октомври: вториот рок завршува на 31 јули

Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен […]
Голема акција на Богородица: царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари – приведен возачот на камионот

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за […]
Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени

Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе […]
ГОРИВАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ, дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Малопродажната цена […]
Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот обезбедуваме повеќе средства за инвестиции и поддршка на граѓаните

Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на буџетот со цел да обезбедиме дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски што произлегоа од потпишаните колективни договори, повеќе средства за земјоделството, за социјалната заштита и општините и, пред сè, повеќе средства за […]
Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи, тоа е работа на институциите надлежни за овие системи, вели Тошковски

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, […]
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата […]
Асоцијација за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија: „Без фер конкуренција нема одржлив систем за управување со отпадот од пакување“

На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување со отпадот, бидејќи само така се штитат инвестициите, животната средина и јавниот интерес.
Мрежата на Телеком повторно најдобра во Македонија: рекордни шест Ookla® Speedtest награди™

Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро […]