(ВИДЕО) 35 години независност на Македонија – објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид

35 години независна Македонија

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. На 8 септември обележуваме 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во […]

Филм за филм: НОВ БРАН

пишува: Ѓорѓи Јаневски | Авторот е културен работник Филм што го прикажува Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard) во самиот чин на создавање на „До последен здив“ (À bout de souffle). Така во кратки црти Ричард Линклејтер (Richard Linklater) го опишува „Нов бран“ (Nouvelle Vague, 2025). Американски филм на француски јазик, со француски актери, за францускиот нов […]

Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Бројот на странски туристи во првите пет месеци зголемен за 23,6%, Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. […]

Американски функционер тврди дека на повидок е договор за Ормуската теснина

Американски функционер вчера објави напредок во разговорите меѓу Иран и Оман, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормуската Теснина и потенцијално да го обнови извозот на нафта прекинат за време на петмесечната војна на САД со Иран. Американскиот функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Вашингтон очекува наскоро договор […]

Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово

Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од […]

Годишната инфлација во јули мерена преку индексот на трошоците на живот изнесува 2.3 %

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јули 2026 година Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0.1 % Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0.1 %.  Во јули 2026 година, во однос на јуни […]

Статистика: Рударството останува најслаба алка во индустријата и покрај потенцијалот за нови инвестиции

И покрај позитивните движења во индустријата, рударството продолжува да биде секторот со негативни показатели. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека индустриското производство во Македонија во јуни пораснало за 6,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, но рударската гранка бележи пад. Според официјалните податоци, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ […]

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 август 2026 изнесува 157,93 евра за мегават час, на МЕМО 153,56 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 07 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 157,93 евра/mwh, додека на MEMO цената е 153,56 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од […]

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. – Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат […]