Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]

ЦУК: Во државата активни седум пожари, два под контрола, 12 изгаснати

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и […]

ГАК: Се реновира одделението во кое престојуваат породените мајки, нема застој во обезбедувањето здравствени услуги

ГАК: Се реновира одделението во кое престојуваат породените мајки

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство информира дека во моментот се реновира одделот за пуерпериум (одделението во кое престојуваат породените мајки) и дека работењето се одвива со вообичаена динамика и нема застој. – Информацијата е со цел да се информираат сите идни мајки и нивните семејства дека некои од пациентките се сместени на одделението, други […]

МЕРМС: Стабилна наплата на концесиските надоместоци, во вториот квартал наплатени речиси 300 милиони денари

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) бележи стабилна реализација на наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини, што е резултат на унапредувањето на системот на наплата и засилениот институционален надзор врз исполнувањето на обврските од концесиските договори, информираат од МЕРМС. Во вториот квартал од 2026 година, како што посочуваат, по основ […]

Топката со која Марадона го постигна голот „Божја рака“ продадена за 2,5 милиони фунти

Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи […]

Цената на ДИЗЕЛОТ НАДМИНА „СТОТКА“ – нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка […]

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна

Скопската вода за пиење е безбедна

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека водата за пиење во градот е безбедна и соодветна за употреба, согласно резултатите од редовните лабораториски испитувања. Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа, од вкупно 47 мерни места во […]

Утре без вода дел од Ѓорче Петров

Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-300 мм на улицата „1409“ бр.9 во населбата Ѓорче Петров, а ќе трае до завршување на активностите. 

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“. Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено […]