Намалени цените на пет патарини во централна Грција

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во […]

СПРЕЧЕН УВОЗ НА ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ СО ШТЕТНИ ХЕМИКАЛИИ ОД АЛБАНИЈА

Во свежи пиперки од Албанија е откриено високо ниво на штетни хемикалии. Пратката со албанските црвени пиперки била откриена на словенечката граница, соопшти европскиот систем за безбедност на храна. Станува збор за пестицидот пиримифос-метил и форметанат кои се забранети за користење на територијата на Европската Унија и во други земји. Пиримифос-метил го имало 44 пати […]

ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ СЕ ЖАЛАТ НА ПРЕГОЛЕМА БИРОКРАТИЈА

Германските компании подолго време се жалат на бирократијата. Иако владата ги намали потребните документи за некои административни услуги, општата слика за бирократијата во Германија не се сменила, оценува Луц Гебел, претседателот на Националниот совет за регулаторна контрола. – Tоварот на бирократијата останува неподнослив. Германија продолжува да биде комплицирана земја, окована со премногу прописи и процедури. […]

„Кажи YES за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка“

Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3% Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки. Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата. […]

ДЕНОВИ НА МОДАТА ВО ШТИП, манифестацијата се одржува во една од празните фабрички хали на поранешна „Македонка“

Со три модни ревии синоќа почнаа Деновите на модата во Штип. Во една од празните фабрички хали на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ се реинкарнираше модната индустрија во градот, во кој се сконцентрирани најголем дел од конфекциите во земјава, кои имаат, пред се, лон производство. Но, во изминатите години неколку штипски компании почнаа да создаваат свои […]

За десет години, бројот на студенти намален за 7.000, секој петти сака да биде лекар

За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или […]

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, продолжува со повеќе различни активности. Меѓу нив е и одржување низа работилници преку кои и родителите ќе се здобијат со знаења и ќе споделат искуства во врска со проблемот со булингот. Овие едукативни средби ќе се одржат во општините што се приклучија на кампањата, ќе […]

Проф. д-р Ангелова на првиот академски час на УКИМ: Ова е средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла

Универзитетот св Кирил и Методиј во Скопје бил и ќе остане средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла. Сега стоите на прагот на бескрајните можности. Одлуките што ги правите, ќе го обликуваат не само вашиот академски развој, туку и патот по кој ќе се движите во животот, потенцираше ректорката на УКИМ, проф. д-р. Биљана […]

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

Одборот на директори на групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) ѝ додели на винарската визба „Тиквеш“ сертификат за т.н. сребрено членство во оваа организација, во која членуваат 40-ина водечки светски винарници. „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за членство во […]

„ПРВИТЕ 100 ДЕНА НЕ БЕА ЛЕСНИ, НО БЕА УСПЕШНИ“, изјави премиерот Христијан Мицкоски за првите сто дена од мандатот на новата влада

„Првите 100 дена од новата влада не беа лесни, но беа клучни за да видиме каде сме и што да направиме и што треба да направиме за да стигнеме таму, без разлика на опструкциите и стапиците. Колку ќе ни биде потешко да се движиме кон нашата цел, толку повеќе ќе работиме и со 100 отсто […]