ЦРНА ГОРА СТАНУВА ПРВА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА СЕПА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Црна Гора е првата земја од Западен Балкан која од 1 јануари 2025 година станува членка на СЕПА, Единствената област систем за плаќање во евра, објавија од Централната банка на Црна Гора. – Очекувам Црна Гора да биде првата земја која од ЗБ ќе пристапи во СЕПА, од 1 јануари 2025 година, а Албанија и […]

СТРУМИЦА ПЕТТИ ДЕН БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, граѓаните на Струмица ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие. Во Струмица петти […]

Science|Business на УКИМ – конференцијата со порака: Време е можностите за зајакнување на европската истражувачка област да станат реалност

Во Скопје, октомври 2024 г., на маргините на министерската конференција, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стана член на престижната Science|Business мрежа на универзитети, компании и истражувачки организации и беше домаќин на конференција организирана од страна на Science|Business, на тема: „Улогата на Југоисточна Европа во одржување, градење и меѓусебно поврзување на истражувачките и иновативните […]

САМО ТРЕТИНА ОД МИЛИОНЕРИТЕ СЕ ЧУСТВУВААТ БОГАТО! Зошто милионерите никогаш не се задоволни од својата финансиска слика

Многу Американци веруваат дека мораат да заработат одредена сума за да се чуствуваат како богати, но и по остварувањето на одреден милионски износ во долари, тие не се задоволни од својата финансиска состојба, предупредуваат од Институтот за финансиска психологија. – Заблудата се состои во тоа дека тие си поставиле одредена сума и кога луѓето ќе […]

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД УРАГАНОТ ХЕЛЕНА, милиони луѓе останаа без струја во западните делови на Северна Каролина

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на […]

Од четврток дожд, грмежи и ветер

Во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти УХМР. Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи […]

ПРЕМИЕРОТ ЌЕ ДАВА ОТЧЕТ ЗА 100 ДЕНА ВЛАДА, коалициониот партнер Вреди веќе оцени дека имаат направено значителна разлика со албанската опозиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт. Првите 100 дена од Владата веќе ги одбележа коалицискиот партнер Вреди, […]

НА ФЕД НЕ И СЕ БРЗА СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, економските показатели укажуваат дека економијата на САД е во „добра состојба“

Претседателот на американските федерални резерви Џером Пауел нагласи дека американската централна банка најверојатно ќе продолжи со намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен и дека не брзаат за нивно намалување, иако новите податоци ја зголемуваат довербата во континуиран економски раст и потрошувачка. Брзината на намалување на каматите ќе зависи од тоа како инфлацијата ќе […]

СПРЕЧЕН УВОЗ НА ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ СО ШТЕТНИ ХЕМИКАЛИИ ОД АЛБАНИЈА

Во свежи пиперки од Албанија е откриено високо ниво на штетни хемикалии. Пратката со албанските црвени пиперки била откриена на словенечката граница, соопшти европскиот систем за безбедност на храна. Станува збор за пестицидот пиримифос-метил и форметанат кои се забранети за користење на територијата на Европската Унија и во други земји. Пиримифос-метил го имало 44 пати […]

ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ СЕ ЖАЛАТ НА ПРЕГОЛЕМА БИРОКРАТИЈА

Германските компании подолго време се жалат на бирократијата. Иако владата ги намали потребните документи за некои административни услуги, општата слика за бирократијата во Германија не се сменила, оценува Луц Гебел, претседателот на Националниот совет за регулаторна контрола. – Tоварот на бирократијата останува неподнослив. Германија продолжува да биде комплицирана земја, окована со премногу прописи и процедури. […]