Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра

Ние нема да прифатиме ниту една ординација ниту за преоден период, ниту за 24 месеци, ниту за две минути да функционира без медицинска сестра, истакна денеска сестра Гордана Бешлиоска, претседател на Унијата на ЗМАСТАС предводена од Здружението „За нас“ за одлуката со која во следните 24 месеци на лекари во мали места ќе им биде […]

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Американците оваа година планираат да потрошат повеќе за божиќни и други празнични подароци, покажува традиционалната анкета на агенцијата Галуп. Американците ќе потрошат во просек по 1.000 долари за празнични подароци, покажува истражувањето на Галуп спроведено од 6 до 20 ноември. Во ноември минатата година изјавиле дека на подароци во просек ќе потрошат по 975 долари, […]

ФРАНЦИЈА СЕ ПРИБЛИЖИ СО ГРЦИЈА ПО ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ

Франција според висината на трошоците на задолжување за прв пат се изедначи со Грција. За време на должничката криза во еврозоната во 2012 година трошоците на задолжување на Грција, мерени преку приносите на десетгодишните државни обврзници, биле за 37 бодови повисоки од приносот на француската обврзници со истиот рок на доспевање, објави „Ројтерс“. Во 2024 […]

Меѓународна научна конференција за митот и драмата во Скопје

„Мит и драма: современи интерпретации“ е меѓународна научна конференција која денеска и утре ќе се одржува во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература и Факултетот за драмски уметности. […]

Уште еднаш за бугарскиот јазол запетлан со Протоколот, со Преговарачката рамка…

Повеќе пати на страниците на Економија и бизнис се осврнав на билатералните договори со Грција и со Бугарија и особено за важноста од нивна доследна имплементација, во добра волја и со меѓусебно разбирање, но и целосна заштита на нашите државни и национални интереси. Сепак, разрешница и разврска на јазолот кој го запетлавме сè уште нема, […]

Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ – признание за трудот на Центарци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области. „Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите Центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените. Во […]

ЗАБРАНЕТ ПРИСТАПОТ ЗА ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО АВСТРАЛИЈА, КАЗНИ ДО 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Претставничкиот дом на Австралија во средата го усвои законот со кој им се забранува на децата помлади од 16 години да користат социјални мрежи, додека Сенатот треба да одлучува за финализирање на првиот закон од овој вид во светот. Главните политички партии го подржале законот со кој компаниите за социјални платформи се одговорни за парични […]

ИТФ: Над 100 милиони луѓе во светот играат тенис

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот играат тенис, објави Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот најнов извештај. Во извештајот на ИТФ се наведува дека 106 милиони луѓе ширум светот играле тенис барем еднаш минатата година, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2019 година. ИТФ очекува на оваа бројка да им се придружат […]

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот […]

Од утре со врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На планините врнежите ќе бидат […]