Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег

АМСМ информира дека од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег, објави МИА. Од 14:20 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонијапат“. Претходно, АМСМ информираше дека од 12:10 […]

Сибирски студ ја зафати Турција со температури 20 степени под нулата

Сибирски студ ја зафати Турција со температури 20 степени под нулата Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција, каде температурите се спуштија до минус 20 степени Целзиусови, пренесуваат турските медиуми. Поради ниските температури, обилниот снег и снежните бури, вчера беше неработен ден за училиштата во повеќе окрузи. На многу места, граѓаните се соочуваат со […]

Суспендирани над 10.000 ученици во Грција поради употреба на мобилен телефон за време на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Опен“, Пиеракакис рече дека конкретната мерка воведена за првпат оваа година е целосно поддржана […]

ПОРАДИ КРИЗАТА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОМАЛКУ ВРАБОТУВААТ И ПОВЕЌЕ ПРИМЕНУВААТ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Германските компании помалку вработуваат нови лица и почесто преминуваат на скратено работно време за да ја надминат кризата, се наведува во ноемврискиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Индикаторот кој ја искажува подготвеноста на германските компании за вработување се намали на 93,4 отсто. Овој проблем е изразен во преработувачкиот сектор, поради намалените […]

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Американците оваа година планираат да потрошат повеќе за божиќни и други празнични подароци, покажува традиционалната анкета на агенцијата Галуп. Американците ќе потрошат во просек по 1.000 долари за празнични подароци, покажува истражувањето на Галуп спроведено од 6 до 20 ноември. Во ноември минатата година изјавиле дека на подароци во просек ќе потрошат по 975 долари, […]

ФРАНЦИЈА СЕ ПРИБЛИЖИ СО ГРЦИЈА ПО ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ

Франција според висината на трошоците на задолжување за прв пат се изедначи со Грција. За време на должничката криза во еврозоната во 2012 година трошоците на задолжување на Грција, мерени преку приносите на десетгодишните државни обврзници, биле за 37 бодови повисоки од приносот на француската обврзници со истиот рок на доспевање, објави „Ројтерс“. Во 2024 […]

Меѓународна научна конференција за митот и драмата во Скопје

„Мит и драма: современи интерпретации“ е меѓународна научна конференција која денеска и утре ќе се одржува во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература и Факултетот за драмски уметности. […]

Уште еднаш за бугарскиот јазол запетлан со Протоколот, со Преговарачката рамка…

Повеќе пати на страниците на Економија и бизнис се осврнав на билатералните договори со Грција и со Бугарија и особено за важноста од нивна доследна имплементација, во добра волја и со меѓусебно разбирање, но и целосна заштита на нашите државни и национални интереси. Сепак, разрешница и разврска на јазолот кој го запетлавме сè уште нема, […]

Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ – признание за трудот на Центарци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области. „Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите Центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените. Во […]

ЗАБРАНЕТ ПРИСТАПОТ ЗА ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО АВСТРАЛИЈА, КАЗНИ ДО 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Претставничкиот дом на Австралија во средата го усвои законот со кој им се забранува на децата помлади од 16 години да користат социјални мрежи, додека Сенатот треба да одлучува за финализирање на првиот закон од овој вид во светот. Главните политички партии го подржале законот со кој компаниите за социјални платформи се одговорни за парични […]