Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година
Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 отсто од гласовите, соопшти ФИБА. Третото место го зазеде уште еден член на „орлите“, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите. Во 2024 година Јокиќ по трет пат во последните четири сезони беше прогласен за […]
Адеми: Очекувам континуитет во ентузијазмот на Врховниот суд кој дава нов елан на судството преку заложбите кои носат општествени промени
„Како личност која верува во човековите вредности и доблести, првенствено го посакувам она што му дава смисла на животот, а тоа се љубовта, здравјето и радоста. Но, за да постои таквата среќа, мора да постои и надеж. И личен принцип за кој се бориме.Како претседател на највисокиот суд во државава очекувам посветеност кон принципите на […]
Населението во Египет за една година се зголемило за над милион лица
Населението на Египет се зголемило за 1,4 милиони луѓе во 2024 година, достигнувајќи 107.205.591, објави весникот Ал Ахрам, повикувајќи се на Централната агенција за јавна мобилизација и статистика. Бројката не ги вклучува 11,09 милиони Египќани кои живеат во странство, според податоците на агенцијата за 2023 година. И покрај растот во апсолутни вредности, стапката на раст […]
ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ОТПИШАНИ УЧЕНИЦИ ОД КУМАНОВСКИТЕ УЧИЛИШТА
Во првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици, соопштија денеска надлежните од секторот за образование на општина Куманово. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово. Градот, иако е најголема општина во државата според број на население, со 20 училишта е и со најголем број ученици, […]
УКИНУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ОД ДОХОД ПО ВРАЌАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ХРВАТСКА
Владата на Хрватска најави зголемување на пензиите и поддршката за новороденчињата, како и укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во земјата, по првата седница од новата година на која премиерот Андреј Пленковиќ го презентираше годишниот план за 2025 година, пренесува Анадолија. Пленковиќ истакна дека во 2025 година планираниот раст на бруто […]
ВО АТИНА СТАПУВААТ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА КРАТКОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ
Од 1 јануари почна да се применува законот за забрана за краторочно изнајмување на станови во Атина, кој е донесен со цел да го спречи недостигот на станови за локалните жители. Со новите законски прописи се воведува едногодишен мораториум на регистрирање на нови апартмани за краткорочно издавање во повеќе од десет централни квартови во Атина. […]
Агелер: Нашите очекувања за Северна Македонија остануваат високи
„Погледнато кон 2025 година, нашите очекувања за Северна Македонија остануваат високи. Очекуваме да видиме дополнителен напредок во поглед на реформите на Владата, зголемен економски раст и поблиска соработка со НАТО. Реформите во однос на владеењето на правото, кои се од суштинска важност за целосна евроатлантска интеграција, ќе водат кон зголемена доверба на граѓаните во демократските […]
Гаши: Новата 2025 година треба да донесе мерки и политики кои ќе обезбедат поквалитетен живот
„Од 2025 година очекувам Северна Македонија да продолжи да биде пример за успешен меѓуетнички соживот каде што различностите не се пречка, туку богатство. Единството и почитувањето меѓу заедниците се темелот на стабилноста и на просперитетот на нашава земја.Воедно очекувам значителен напредок во спроведувањето на клучните реформи потребни за нашето приближување кон Европската Унија. Евроинтеграциите не […]
Битолските планинари првото изгрејсонце во 2025 година го дочекаа на врвот Пелистер
Триесетина планинари, членови на планинарскиот клуб „Олимпус Монс“ од Битола ја продолжија традицијата на ноќно искачување на врвот Пелистер. Првото изгрејсонце на Пелистер го дочекавме по 14 пат и продолживме со зимскиот настан кој го нарековме „Први на први“, изјави за МИА Иванчо Тошевски, претседател на „Олимпус Монс“. – Ноќното искачување на врвот Пелистер (2601 […]
Првородените бебиња годинава во Струмица се машки близнаци
Првородените бебиња во Струмица во новата година се машки близнаци. Попладнево, десетина минути пред 17 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово. Првото бебе се родило во 16:45 часот со тежина од 2.480 килограми и долго 49 сантиметри, а второто […]