Нов систем за наплата на Терминал 2 на аеродромот „Софија“
Од 9 јануари започнува примена на нов систем за управување со сообраќајот пред Терминал 2 на аеродромот „Софија“, соопштија од управата на бугарскиот аеродром. Возачите на патнички возила ќе имаат право на 10 минути бесплатен престој. За престој од 11 до 30 минути ќе се наплаќа 10 лева (околу 300 денари), додека за секој започнат […]
АРГЕНТИНА РАЗГЛЕДУВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Аргентинската влада прави процени за тоа дали да преговара за одобрување на заем од два инвестициски фонда или да бара дополнително финансирање од Меѓународниот монетарен фонд за да може да ја одбегне актуелната контрола на валутата и на капиталот во наредните месеци. Во настапот од минатиот месец аргентинскиот претседател Хавиер Милеи говореше за „дефинитивно решение“ […]
Рохас: Се надевам дека во 2025 година Северна Македонија ќе ја искористи можноста и ќе направи конкретни чекори напред кон својата ЕУ-интеграција
„Имајќи го предвид постојниот моментум на проширувањето, се надевам дека во 2025 година Северна Македонија ќе ја искористи можноста и ќе направи конкретни чекори напред кон својата ЕУ-интеграција. Ова значи отворање на првиот кластер на преговорите штом се исполнат условите. Ова значи и искористување на можностите што постојат во рамките на Планот за раст, особено […]
Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година. По изборот за претседател Камбовски, се заблагодари за укажаната доверба и порача дека ќе работи […]
Мукаетов за претстојниот Мундијал: Би бил задоволен со три победи
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов посакува националниот тим да избори учество во втората фаза на претстојното Светско првенство. – Да останеме таму најмалку 12 дена, тоа значи пласман во втор круг, а јас лично би бил задоволен со најмалку три победи на шест натпревари, изјави Мукаетов на денешната заедничка прес-конференција во Македонски […]
Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари
Вевчанскиот карневал е слика и прилика на тоа што се случувало во општествено – политичкиот живот, од претходната година, на специфичен начин, изјави денеска градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, на прес-конференцијата во Скопје, посветена на овој традиционален настан. Тој се осврна на традиционалните маски и додаде дека секое издание на карневалот има и нови маски. […]
МИНАТОТО ЛЕТО БИЛО НАЈЖЕШКО ВО ГРЦИЈА
Зимата 2023-2024 година била најтоплата, а летото 2024 година најжешкото во историјата на Грција, според метеоролошките податоци за минатата година на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина. Највисоката температура, 44,5 степени Целзиусови, била измерена на 13 јуни 2024 година на островот Крит, додека најниската била -23,2 степени во […]
Кампањата „#ВЕРОзаТЕБЕ“ носи радост и поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост во Битола
Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола. По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се […]
ВО САБОТА ДОАЃА ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН
Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. – Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени, најави Управата […]
Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот
Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадени градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“. Скопје моментално се наоѓа на деветто место, а како најголем загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека […]