ОДЗЕМЕНИ НАД 500.000 ЕВРА ВО АКЦИЈАТА „ВАРДАР“, приведени десет лица за фалсификување на пари

Десет лица се лишени од слобода во заедничката операција на македонската и српската полиција со кодно име „Вардар“ за разбивање на криминална група за фалсификување пари. Како што соопшти Јавното обвинителство заедничкиот истражен тим на двете држави по повеќемесечна меѓународна соработка од изутрината спроведувал координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со […]

ТРАМП ГО ИСПОЛНУВА ВЕТУВАЊЕТО: САД ВОВЕДОА ЦАРИНИ ЗА КАНАДА,МЕКСИКО И КИНА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина. За увозот од соседите Канада и Мексико царините се 25 отсто, додека за увозот од Кина тарифата е 10 отсто. За увозот на енергенси од Канада, тарифата е пониска, односно 10 отсто. Според Белата куќа, нелегалните […]

КАНАДА И САД ВЛЕГУВААТ ВО „ТРГОВСКА ВОЈНА“: Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на американските стоки во вредност од 155 милијарди канадски долари (106,5 милијарди американски долари) како одговор на американските царини. – Царините за 30 милијарди канадски долари ќе стапат на сила во вторник, додека преостанатите 125 милијарди канадски долари ќе бидат воведени […]

ЕУ ќе „одговори цврсто“ ако биде погодена со царините на Трамп

ЕУ денеска предупреди дека ќе возврати „цврсто“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана со која ќе го погоди увозот од блокот со царини. „ЕУ цврсто би одговорила на секој трговски партнер кој неправедно или произволно воведува царини за стоките на ЕУ“, изјави портпаролот на Европската комисија ЕУ ја критикуваше одлуката на американскиот […]

ДЕКЕМВРИСКИ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ЕВРОЗОНАТА

Сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната благо порасна во декември од рекордно ниско ниво од 6,2 отсто во ноември на 6,3 отсто, објави Евростат. Во Европската Унија, стапката на невработеност исто така благо порасна во декември, од 5,8 отсто во ноември на 5,9 отсто. Евростат проценува дека приближно 12,97 милиони луѓе биле невработени во […]

ТУРЦИЈА МЕЃУ НАЈПОСЕТЕНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ, туристите престојувале во просек 10,7 дена

Турција оствари раст во туристичкиот промет од 9,8 отсто во однос на претходната година и беше домаќин на 62.269.890 посетители во 2024 година. Ова претставува раст од 20,3 отсто однос на 2019 година, односно пред пандемијата на Ковид-19. Турција ја надминат целта од 60 милиони посетители, кои ги најави претходно во 2024 година. Покрај тоа, […]

Мега трансфер во НБА: Лука Дончиќ има нов клуб!

Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ЕСПН во неделата рано наутро објави дека тимовите завршиле со трејдот со кој Лука Дончиќ ќе биде испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас. Покрај трејдот во кој се вклучени двете ѕвезди, Лејкерси се согласија да ги добијат Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Маверикс […]

АХВ: ОД БОЛНИЧКИТЕ КУЈНИ СЕ УНИШТЕНИ 110 КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори. – Со контролите утврдено е дека пет кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, […]

„Макпетрол“ организира работилница за родители против врсничко насилство во Крива Паланка

Во основното училиште „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка утре (3 февруари) ќе се одржи работилница против врсничко насилство, наменета за родители, а организирана од „Макпетрол“. Почетокот на оваа едукативна средба е закажан за 18 часот. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Во текот на средбата, присутните родители […]

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека

Најстарите раритени книги во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола датираат од пред повеќе од два века, а во Музејот на библиотеката сведочат и печатарските машини на кои се испечатени прогласот за Првото заседание на АСНОМ и вториот број на весникот „Нова Македонија“. Музејот на Универзитетската библиотека со раритетна библиотечна поставка е во стариот објект на […]