МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА СО ГОДИШЕН ПАД НА ВРАБОТЕНИ, НАЈВИСОК ПАД ВО ПРЕРАБОТУВАЧКИОТ СЕКТОР
Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0,3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4,7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 […]
ВО ХРВАТСКА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПРВИОТ „ДИГИТАЛЕН“ ХОТЕЛ БЕЗ РЕЦЕПЦИЈА!
Во Хрватска ќе биде отворен првиот хотел во регионот во кој нема да има класична рецепција и стандардни хотелски услуги. Хотелот ќе биде отворен во Осијек и ќе има 47 соби и два претседателски апартмани. Вредноста на оваа инвестиција е проценета на 8 милиони евра. Хотелот ќе го носи називот HOP IN во кој ќе […]
ЕЦБ ПОВЛЕКЛА ОД ОПТЕК 1,15 МИЛИОНИ ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА КОИ СЕ „ИСПРАНИ“ ПРЕКУ ЛИЦАТА УАПСЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ВАРДАР“
Исклучително значајна е меѓународната акција „Вардар“ која разоткри мрежа на фалсификување пари во државата, бидејќи ја спроведува меѓународен тим на истражители, соопштија на денешната прес-конференција обвинителите од Јавното обвинителство. Времето на постaпката е скратено, преземени се заеднички акции со истражен тим од Србија, постапката е водена паралелно. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција […]
ВО ТУРЦИЈА ПАЃА ИНФЛАЦИЈАТА, НО И ВРЕДНОСТА НА ЛИРАТА
Турската лира денеска падна на ново најниско ниво во однос на доларот, бидејќи американската валута се продаваше за помалку од 36 лири односно за 35,9855 лири. На почетокот на 2023 година доларот се продаваше за приближно 18 лири. Турскиот статистички институт (Туркстат) објави дека годишната стапка на инфлација во земјата паднала на 42,12 отсто во […]
ДО ПОЧИСТ ВОЗДУХ СО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ, предлог на струмичкиот градоначалник
Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или околу 400.000 евра месечно. Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции за населението, особено за цената на […]
САНАЦИЈА НА ТЕРАСИТЕ НА МНТ И ИЗГРАДБА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, се дел од буџетот за култура
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информираше дека вкупниот буџет на Министерството за 2025 година, распределен за финансирање проекти од национален интерес во културата, изнесува 814 милиони денари. Љутков појасни дека од оваа година воведуваат промени во начинот на финансирање на програмските активности за 18 национални установи, кои ќе добијат делегиран буџет, а […]
ВОЈСКАТА ВО ПОТРАГА ПО НОВИ МЛАДИ КАДРИ, во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија
Проект за популаризација на воената професија денеска почнал во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп. Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата, ги информирале средношколците за можностите кои ги нуди воената професија. Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања […]
Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај. Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот […]
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ПЕЧАТНИЦА ЗА ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА И ДОЛАРИ
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите. – Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во […]
САНТОРИНИ ИЗЛОЖЕН НА СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ, донесени превентивни мерки за граѓаните
Неколку земјотреси од над три степени, но и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени според Рихтер, регистрирани претпладнево се само дел од серијата земјотреси од изминатите денови во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а надлежните донесоа превентивни мерки, меѓу кои и училиштата на Санторини утре да останат затворени, јави […]