Два смртни случаи со грип, бројот на заболени расте

Во текот на петта недела од 2025 година, од 27 јануари до 2 февруари, пријавени се 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања. Евидентирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и во Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, информираат попладнево […]

Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година, објави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на прес конференција што се одржа во овој град. Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година. – Тоа е потврда дека Гевгелија со својата богатa културна традиција повторно ќе биде во центарот […]

Коперникус: Најтоплиот јануари досега е во 2025 година

Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега, продолжувајќи ја низата екстремни глобални температури и покрај промената на феноменот Ла Ниња за ладење, рекоа научници од Европската унија. Со просечна температура од 13,23 степени Целзиусови според Коперникус, „јануари 2025 година беше 1,75 степени над прединдустриските нивоа“. „Фактот дека се уште гледаме рекордни температури надвор од влијанието на […]

Без струја и вода утре корисници во Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром

Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа утре од 9 до 15 часот без струја ќе останат дел корисниците од село Горно Нерези во Општина Карпош, ул.„ Чаирска“ од бр. 40 до бр. 90, ул. „Цветан Димов“ од бр. 4 до бр. 20 во Општина Чаир, дел од потрошувачите околу манастир „Св.Илија“ – Чардак и Етновила […]

ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГИЈАТА ЈА ЗАБРЗАА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

Инфлацијата во еврозоната забрза во јануари, поттикната од растот на цените на енергијата, покажаа прелиминарните податоци на Европската статистичка служба. Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена преку Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јануари изнесуваше 2,5 отсто, додека во декември беше 2,4 отсто. Растот на цените забрза на почетокот на новата година, четврти […]

„ПРИНОСОТ“ ОД ЗАПУСТЕНИТЕ ОРАНИЦИ СЕ ПОВИСОКИ ТРОШОЦИ И ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ХРАНАТА

Митко Јовановски

Производството на сопствена храна е меѓу најважните фактори за самоодржлив и континуиран раст на една нација. Македонија е богата со обработливо земјоделско земјиште, но кое е недоволно и неадекватно искористено. Во изминатите години од осамостојувањето на нашата држава земјоделското производство беше ставано во приоритените сектори на кој треба да се потпира економскиот развој на државата. […]

ВО АЛБАНИЈА ПРОДОЛЖУВА ЕГЗОДУСОТ НА „БЕЛИТЕ МАНТИЛИ“

За 14 години Албанија ја напуштите околу 5.000 лекари од општа пракса, но и специјалисти по одредена медицинска гранка, како и над 11.000 медицински кадар. Заминувањето на белите мантили од Албанија не престанува. Податоците покажуваат дека трендот на заминувања во 2024 година бил ист како и претходните години. Поточно, во текот на изминатата година 146 […]

Нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Се уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и бугарска страна. Како што изјави Николовски, точно е дека се водат интензивни разговори и прашање на […]

САД СО НАЈВИСОК МЕСЕЧЕН ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ВО ДЕКЕМВРИ

Трговскиот дефицит на САД во декември се зголеми на 98,4 милијарди долари, од 78,9 милијарди долари во ноември, поради растот на увозот додека извозот се намали, се вели во извештајот од Бирото за економски анализи. Тоа е најголемиот месечен трговски дефицит од март 2022 година, бидејќи американските компании побрзаа да обезбедат залихи на стоки пред […]

Источна Европа ќе расте побрзо од еврозоната, прогноза од Виенскиот институт

Повеќето економии во Централна, Источна и Југоисточна Европа ќе забележат раст во 2025 година, особено земјите-членки на ЕУ. Ова го покажува новата зимска прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, која опфаќа 23 земји од регионот. За 2025 година, Виенскиот институт предвидува просечен раст од 2,8 отсто за земјите-членки на ЕУ, што претставува минимална […]