ВИСОК ПАД НА ИЗВОЗОТ СО ГЕРМАНИЈА, РАСТЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6,5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11.062,4 милиони евра, што е за 0,8 % помалку од […]

„Повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите нови инвестиции“, изјави премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот со заминување на странските компании ќе биде надминат. Напротив, тој рече дека е загрижен дали ќе има доволно работна сила за сите предвидени инвестиции во државава. Одговарајќи на новинарско прашање дека дел од странските компании ја напуштат земјава, а дел ги намалуваат капацитетите, Мицкоски рече дека процесот ќе биде […]

ЗА ТРЕТИНА СЕ НАМАЛЕНИ ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО СРБИЈА

Бројот на огласи во информатичкиот сектор во 2024 година во Србија е намален за 28 отсто со вкупно објавени 7.102 работни места. Во текот на минатата годината преку платформата „HelloWord“ за вработување се пријавиле 44.854 кандидати, објави Инфостуд. Најмногу огласи имало за: програмери, ИТ поддршка, системски администратори, развивачи на целосен пакет, консултанти за деловен софтвер, […]

Уставниот суд го потврди ставот на бизнис-заедницата: Даночните политики мора да обезбедат правна сигурност

Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува […]

ТРГОВЦИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО ОД ТРЕЗОРОТ НА БАНКАТА НА АНГЛИЈА

Банката на Англија тргува со златото од своите златни резерви со попуст од 4 фунти (4,8 евра) за унца под цената на лондонската берза. Кај трговците на светските пазари владее големо интересирање за купување на златните прачки кои се понудени од Банката на Англија. Причината за тоа се најавите за зголемување на американските царини, иако […]

БРИТАНСКАТА БАНКА ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА И ЈА ПРЕПОЛОВИ ПРОГНОЗАТА ЗА РАСТ

Британската централна банка денеска очекувано ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,5 отсто. Новата каматната стапка е на најниско ниво од јуни 2023 година. Банката ја преполови и прогнозата за овогодинешниот економски раст во Велика Британија на 0,75 отсто, пренесува АФП. Министерката за финансии Рејчел Ривс го поздрави третото намалување на […]

ВО КИСЕЛА ВОДА БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ СОБИРА КАБАСТ ОТПАД И ШУТ

Во насока на заштита на животната средина и овозможување на граѓаните бесплатно да се ослободат од непотребниот кабаст отпад и шут, Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во соработка со Министерството за животна средина, организира тримесечна акција за собирање на кабаст отпад. Оваа акција е дел од акцискиот план на […]

Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Дигестивна хирургија, ГОБ „8 Септември“ ќе биде регионален центар

Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Дигестивна хирургија, реконструкција на дојка на Торакална и пластика, потоа скрининг на крвта за западно нилска треска, но и баријатрична хирургија за екстремен обезитас, а ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар, беше најавено на денешната презентација на годишниот план за 2025 година за финансирање специјалистичкo-консултативна здравствена […]

Два смртни случаи со грип, бројот на заболени расте

Во текот на петта недела од 2025 година, од 27 јануари до 2 февруари, пријавени се 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања. Евидентирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и во Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, информираат попладнево […]

Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година, објави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на прес конференција што се одржа во овој град. Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година. – Тоа е потврда дека Гевгелија со својата богатa културна традиција повторно ќе биде во центарот […]