МАКЕДОНИЈА СО ПАД ОД ДВА ПОЕНA НА ИНДЕКСОТ НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА
Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. Највисоко […]
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
Утре попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.
НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
Вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење. Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи изградба на два енергетски суштински проекти во енергетскиот сектор. Втора фаза од ветерниот парк Богданци, како и изградба на фотонапонската централа Битола 2, изјави премиерот Христијан Мицковски, на денешната прес-конференција по потпишувањето на договори меѓу […]
Фон дер Лајен најави 200 милијарди евра инвестиции во вештачката интелигенција
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор. […]
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало за 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Портпаролката на Владата Марија Митева на попладневната прес-конференција рече дека ваквата одлука е донесена врз […]
Николоски: Владата донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо” во Охрид
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот фејсбук профил. Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, напиша тој, исполнуваме уште едно […]
НОРВЕШКА ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА!
Норвeшкиот БДП се намали во четвртиот квартал минатата година, покажаа податоците од одделот за статистика на Норвешка. Економијата влезе во рецесија на крајот на 2024 година, со континуираниот пад на активноста во секторот за нафта и гас. Норвешката економија, од октомври до декември во 2024 година, се намали за 0,6 отсто во однос на претходните […]
ИЗВОЗОТ НА РУСКА ПЧЕНИЦА НАМАЛЕН ЗА 39,5 ОТСТО
Извозот на пченица од Русија во јануари изнесува 2,47 милиони тони на годишно ниво, што е за 39,5 отсто помалку од пред една година, кога беа извезени 4,08 милиони тони, објави денеска рускиот аналитички центар Русагротранс. Центарот предвидува дека февруарскиот извоз на пченица од Русија би можел да биде од 2,4 до 2,5 милиони тони, […]
ДЗР утврди проблеми со долгови и слабости во работењето на Централен регистар
Со извршената ревизија за работењето на Централниот регистар утврдени се неправилности, вклучувајќи продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри. Дополнително, утврдени се проблеми со долгови, неправилности во вработувањето и законски недоречености кои влијаат на ефективноста на институцијата. Ова е објавено во конечниот ревизорски […]
Петто по ред зголемување на платите на рударите во САСА за последните три години
Oколу 790 вработени во рудникот Саса и оваа година ќе добијат повисоки плати. покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари. Менаџерскиот тим на Саса донесе одлука за ново зголемување на платите во износ од 10% на основната плата. Ова е петто по […]