Од мрестилиште избегале 27.000 лососи, понудена награди за нивно фаќање!

Компанијата за производство на морски плодови, кој е најголем производител на лососи во светот, соопшти дека од мрестилиштет во Тромс, на северозападот на Норвешка, избегале една четвртина од вкупниот рибен фонд од 105.000 единки. Од компанијата понудиле награда од околу 45 американски долари за секој уловен одгледуван лосос. Норвешката дирекција за рибарство потврди дека имало […]

ЖЕНИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ДОМИНИРААТ ВО НАУКАТА, Министерството за енергетика ќе ја зајакне поддршката за девојките во СТЕМ

Македонија е една од ретките земји каде што бројот на жени истражувачи е над 50 отсто од вкупниот број истражувачи, што е показател за огромниот потенцијал што го имаме. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да застанеме – напротив, потребна е уште поголема поддршка за девојките и младите жени да се охрабрат и да ги […]

“Читаме гласно, говориме јасно”, кампања на Центарот за култура Крива Паланка

Со кампањата „Читаме гласно, говориме јасно“, Националната установа Центар за култура Крива Палака и годинава по повод Светскиот ден на читањето, 2 февруари, поттикнува развивање на љубовта кон читањето и пишаниот збор кај сите генерации. Кампањата се реализира втора година во низа, на иницијатива на ментор-професор Лариса Жулина Митовски од основното општинско училиште „Свети Јоаким […]

Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните. – […]

ПОВТОРНА УПОТРЕБА И ПОЛНЕЊЕ НА АМБАЛАЖАТА, НОВИ ЕКО-ПРАВИЛА ЗА ЕУ

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од амбалажа, која предвидува нови мерки за справување со еколошките предизвици предизвикани од амбалажата на производите, што би требало да резултира со намалување на емисиите на штетни гасови, на употребата на вода и на трошоците во индустријата за амбалажа. Паралелно, оваа Регулативата ќе создаде […]

„Заедно за интернет без омраза и врсничко насилство“, Македонски Телеком и УНИЦЕФ започнаа со реализација на проектот

Преку примери и лични искуства на млади кои се соочиле со говор на омраза на интернет, денеска, започна реализацијата на двегодишниот проект на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ на тема „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“. На денешната средба со медиумите, млади извидници раскажаа приказни со кои се соочиле дел од […]

Во Албанија откриено најголемото подземно термално езеро во светот

Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата “Нејрон“ што ја финансирала експедицијата. Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови. Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој […]

ПРЕД ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ЦЕНАТА НА ЧОКОЛАДОТО ПОСКАПО ДО 20 ОТСТО

Цените на чоколадото и кондиторските производи пред претстојниот Ден на вљубените се зголемиле за околу 10 до 20 отсто во споредба со минатата година. Причината за повисоките цени е поскапувањето на какаото, чии цени се повисоки за двапати од почетокот на 2024 година, изјави Велс Фарго Дејвид Бранч, менаџер на сектор во Интитутот за земјоделство. […]

Кај Санторини регистриран најсилен земјотрес во неколкудневната серија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 […]

МАКЕДОНИЈА СО ПАД ОД ДВА ПОЕНA НА ИНДЕКСОТ НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. Највисоко […]