Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360 степени“ ма МТВ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат […]

Кои беа најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза во јануари?

Месечен извештај – јануари 2026г. Во првиот месец од годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 6,04 милиони евра, што претставува намалување од дури 54 % во однос на првиот месец од 2025 година. Овој промет беше остварен со 1 349 трансакции со […]

Димитриеска-Кочоска: Управата за финансиска полиција отпочна 58 финансиски истраги на околу 400 физички и 95 правни лица

Со конституирањето на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, Македонија воспоставува централен и координиран механизам за засилена борба против финансискиот криминал, перењето пари и незаконското стекнување имот. На денешната конститутивна седница, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека формирањето на Советот претставува суштински исчекор од декларативни политики кон системски пристап заснован на […]

Петрова: Од 1.100 граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе доставиле документи

Влез во УЈП

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија. Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес […]

ЛАНИ ВО ЦРНА ГОРА НАЈВИСОК МЕСЕЧЕН ПРИХОД ИЗНЕСУВАЛ 300.000 ЕВРА

Највисок месечен приход во Црна Гора минатата година остварил жител на Подгорица вработен во неспецијализирана трговија на големо, чиј приход изнесувал речиси 300.000 евра, објавиja од Даночната управа на ЦГ. Според официјалните податоци, од десетте највисоки месечни заработки пресметани во 2025 година, девет ги оствариле црногорски државјани, а една странец, објавуваат медиумите во Подгорица. Осум […]

Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Јасна е нашата заложба за борба против корупцијата и криминалот, но борбата мора да […]

ВО ШТИП СЕ ПОСТАВУВААТ КАМЕРИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ ВАНДАЛИЗАМ

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации треба да го спречат вандализмот, односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, […]

Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“

Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат во целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори така и на јавни локации. – „Скопје […]

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Следејќи го примерот на Австралија и Франција, Португалија наскоро би можела да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години, според предлог-законот што денеска беше поднесен во Парламентот. „Дигиталната возраст на полнолетство за независен пристап до платформи, услуги, игри и апликации на кои се однесува овој закон е поставена на 16 години“, се наведува […]

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево во двата правца поради врнежи од снег

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца е воведена од 9.40 часот поради врнежи од снег. Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од 9.20 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – […]