Зголемен водостојот на Дојранското и на Охридското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, за еден на Охридското, а нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри повисок од просекот за февруари, а на […]
КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ И ХОТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО ЕВРОПА, најскапо е во Швајцарија, а најевтино во Македонија

Швајцарија е најскапата земја за ресторани и хотели меѓу 37 европски земји. Стандардна кошничка од овие услуги таму чини 171 евро, што е за 71% повеќе од просекот во Еевропската Унија, според најновите податоци на Евростат. Македонија е најевтина, со цени 50% пониски од просекот во ЕУ, или околу 50 евра. Меѓу земјите-членки на ЕУ, […]
ОТПРЕМНИНА ОД 115.450 ЕВРА ЗА ДОБРОВОЛЕН ОТКАЗ, Министерството за финансии во Велика Британија го намалува бројот на работни места

Министерството за финансии на Велика Британија им нуди на своите службеници до 100.000 фунти (115.450 евра) за доброволно заминување како дел од плановите за намалување на работните места. Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, сака до 2030 година да го намали бројот на вработени за околу 300, од вкупно 2.100 вработени во нејзиниот оддел. Намалувањата […]
Кои беа најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза во јануари?

Месечен извештај – јануари 2026г. Во првиот месец од годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 6,04 милиони евра, што претставува намалување од дури 54 % во однос на првиот месец од 2025 година. Овој промет беше остварен со 1 349 трансакции со […]
Димитриеска-Кочоска: Управата за финансиска полиција отпочна 58 финансиски истраги на околу 400 физички и 95 правни лица

Со конституирањето на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, Македонија воспоставува централен и координиран механизам за засилена борба против финансискиот криминал, перењето пари и незаконското стекнување имот. На денешната конститутивна седница, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека формирањето на Советот претставува суштински исчекор од декларативни политики кон системски пристап заснован на […]
Петрова: Од 1.100 граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе доставиле документи

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход и не се работи за ретроактивно оданочување, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија. Таа појасни дека обврската важела уште во 2020 година, но многумина денес […]
ЛАНИ ВО ЦРНА ГОРА НАЈВИСОК МЕСЕЧЕН ПРИХОД ИЗНЕСУВАЛ 300.000 ЕВРА

Највисок месечен приход во Црна Гора минатата година остварил жител на Подгорица вработен во неспецијализирана трговија на големо, чиј приход изнесувал речиси 300.000 евра, објавиja од Даночната управа на ЦГ. Според официјалните податоци, од десетте највисоки месечни заработки пресметани во 2025 година, девет ги оствариле црногорски државјани, а една странец, објавуваат медиумите во Подгорица. Осум […]
Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Јасна е нашата заложба за борба против корупцијата и криминалот, но борбата мора да […]
ВО ШТИП СЕ ПОСТАВУВААТ КАМЕРИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ ВАНДАЛИЗАМ

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации треба да го спречат вандализмот, односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, […]
Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“

Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат во целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори така и на јавни локации. – „Скопје […]