Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година

Цената на нафтата „Брент“, глобалниот референтен показател за сурова нафта од Атлантикот, утринава падна на 63,49 долари за барел, што е најниско ниво од април 2021 година. Забележан е пад од околу 3,2 отсто. Утринава падна и референтната цена на американската нафта West Texas Intermediate (WTI), за 3,58 проценти. Денешното движење продолжува со минатонеделниот пад, […]

ГЕРМАНИЈА НАПРАВИ ПРЕСВРТНИЦА ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

Бројот на системи за користење на сончевата енергија во Германија надмина 5 милиони. До минатата недела околу 5.005.000 соларни инсталации биле регистрирани во Федералната агенција за мрежа. Германското здружение на соларна индустрија овој податок го означи како „пресвртница во енергетската транзиција“. – Ниту една друга форма на производство на електрична енергија не ужива толку голема […]

ТРГОВСКАТА ВОЈНА ПРЕДИЗВИКА ПОНЕДЕЛНИЧКИ ПАД НА БЕРЗИТЕ

Акциите на берзите во Азија денеска бележеат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп. Тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање. Јапонскиот индекс Nikkei потона на почетокот на тргувањето на берзата […]

Американските власти ја потврдија втората смрт на дете од сипаници, претходно не било вакцинирано

Американските здравствени власти вчера ја потврдија втората смрт на дете од сипаници од почетокот на годината. – Детето на училишна возраст, кое беше позитивно на тестот за сипаници, беше хоспитализирано во Лабок и почина во четвртокот од она што лекарите на детето го опишаа како пулмонална инсуфициенција од сипаници, се вели во соопштението на здравствените […]

СЕ ЗГОЛЕМУВА ВРЕДНОСТА НА КАПИТАЦИСКИОТ БОД ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Донесена е одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април годинава, соопшти […]

КАКО ДА СЕ СПАСИ ЕКОЛОШКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО?

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната мисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на Езерото, истакнувајќи ги […]

Учениците од Крива Паланка освоија втора награда за традиционални јадења на модерен начин

Ученици од угостителската струка од средното општинско училиште “Ѓорче Петров” Крива Паланка освоија втора награда на дваесеттото, јубилејно издание на престижниот кулинарски фестивал на храна и вино, “Морски бисер”, што од први до петти април се одржа во Општина Супетар, Хрватска, на островот Брач. Тимот од Крива Паланка беше предводен од менторот, професор Дане Петровски, […]

Зголемена вакцинацијата за заштита од рак на грло на матка, Одбележан Светскиот ден на здравјето

Под мотото „Здрави почетоци, надежна иднина” денеска во Скопје беше одбележан Светскиот ден на здравјето, во организација на Македонското лекарско друштво. Претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров истакна дека најважната работа е промоцијата да се допре до сите умови коишто не доаѓаат на редовни контроли, прегледи и земање тестови и вакцинација за заштита од […]

Зошто е важно да се чита Рацин денес? МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Кочо Рацин ги постави темелите на современата македонска книжевност. Бил и сѐ уште е еден од најчитаните и најпопуларни македонски поети. Тој е бард на македонската поезија затоа што најинтимно ја допрел душата на народот, ја искажал болката на работниот народ и ја поттикнал неговата надеж и верба во поубава и поправедна иднина, истакна претседателот […]

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

Некои места имаат посебна енергија а Саемот на книга е токму такво место каде што зборовите оживуваат, страниците шушкаат низ толпата, а љубовта кон книгите може буквално да се почувствува во воздухот. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски” повторно ќе стане книжевно светилиште, исполнето со класични дела, нови изданија и возбуда што ја […]