Бројот на починати во пожарот во Кочани се искачи на 61
Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во Кочани. Минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски. Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 лица од кои дел беа пратени на лекување во странство, објави МИА.
ПОВЕДЕНА ИСТРАГА ЗА МАЖ И ЖЕНА КОИ „НОСЕЛЕ“ НЕПРИЈАВЕН ЗЛАТЕН НАКИТ ОД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА
Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување […]
СВЕТОТ Е ПРЕД „ЕКОНОМСКА НУКЛЕАРНА КРИЗА“, ПОТРЕБНА Е ПАУЗА ОД 90 ДЕНА ЗА ЦАРИНИТЕ, предупреди Бил Акман силен поддржувач на Доналд Трамп
Tарифите на Трамп може да го доведат светот во „економска нуклеарна зима“, предупредува менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, кој повика на 90-дневна пауза на царините. Акман, кој е еден од најистакнатите поддржувачи на Трамп, во својата објава на социјалните мрежи, напиша дека претседателот ја губи довербата на деловните лидери. Според Форбс, имотот на Акман […]
Цените на мало во јануари-март годинава повисоки за 3,8 отсто, на земјоделските производи за 5,5 отсто
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, изнесува -1,3 %. Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 […]
Урсула фон дер Лајен понуди преговори со Трамп
Европа е подготвена да преговара со Вашингтон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека „Европа секогаш е за добар договор“. Таа му понуди на Доналд Трамп договор за отстранување на царините за сите индустриски стоки како дел од трговските преговори, во спротивно ќе има подготвен остар одговор. – Вистина е дека […]
СЕ ЗГОЛЕМУВА ВРЕДНОСТА НА КАПИТАЦИСКИОТ БОД ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ
Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Донесена е одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април годинава, соопшти […]
Учениците од Крива Паланка освоија втора награда за традиционални јадења на модерен начин
Ученици од угостителската струка од средното општинско училиште “Ѓорче Петров” Крива Паланка освоија втора награда на дваесеттото, јубилејно издание на престижниот кулинарски фестивал на храна и вино, “Морски бисер”, што од први до петти април се одржа во Општина Супетар, Хрватска, на островот Брач. Тимот од Крива Паланка беше предводен од менторот, професор Дане Петровски, […]
Зголемена вакцинацијата за заштита од рак на грло на матка, Одбележан Светскиот ден на здравјето
Под мотото „Здрави почетоци, надежна иднина” денеска во Скопје беше одбележан Светскиот ден на здравјето, во организација на Македонското лекарско друштво. Претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров истакна дека најважната работа е промоцијата да се допре до сите умови коишто не доаѓаат на редовни контроли, прегледи и земање тестови и вакцинација за заштита од […]
Зошто е важно да се чита Рацин денес? МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“
Кочо Рацин ги постави темелите на современата македонска книжевност. Бил и сѐ уште е еден од најчитаните и најпопуларни македонски поети. Тој е бард на македонската поезија затоа што најинтимно ја допрел душата на народот, ја искажал болката на работниот народ и ја поттикнал неговата надеж и верба во поубава и поправедна иднина, истакна претседателот […]
Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи
Некои места имаат посебна енергија а Саемот на книга е токму такво место каде што зборовите оживуваат, страниците шушкаат низ толпата, а љубовта кон книгите може буквално да се почувствува во воздухот. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски” повторно ќе стане книжевно светилиште, исполнето со класични дела, нови изданија и возбуда што ја […]