Во Кавадарци повеќе новороденчиња споредено со лани

Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата. – Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме […]

Познатиот фестивал Д-фест во Дојран сега со ново име

Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“, откако се прекина успешната долгогодишна соработка со претходната продукција, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Годинашното 15 издание, ќе се одржи на 25, 26 и 27 јули, а Фестивалот ќе биде во ист формат и стил како и […]

Две македонски општини се вклучени во регионален проект за подобрување на условите за лица со попреченост

Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен Балкан. Целта на проектот е унапредување на положбата на лицата со попречености преку поддршка за вработување, зајакнување на локалните иницијативи и развој на […]

Струшкиот музеј ja збогатува збирката со инсекти и пеперутки од охридско – струшкиот регион

Природо-научниот музеј „Доктор Никола Незлобински“ во рамките на годишната програма работи на истражување и колекционирање инсекти и пеперутки со цел збогатување на збирката, која датира од неговото основање, информира директорката Цветлана Василевска. Музејската збирка, посочи, е создадена од основачот на Музејот, познатиот руски лекар Никола Незлобински, кој препарирал голем број инсекти и пеперутки, изложени во […]

Облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со […]

Кос: Инструментот за реформи и раст може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан

Со своите шест милијарди евра Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан е главен механизам за забрзување на економската конвергенција на земјите од регионот во ЕУ, уште пред нивното зачленување во блокот, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на размена на мислења за Инструментот со членови на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) […]

ВО ВЛАДАТА ЌЕ ИМА САМО СМЕНА НА МИНИСТРИ!

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на Арбен Таравари дека АА излегува од Владата. Алијанса за Албанците во Владата има две министерски места – за здравство кое го предводи Таравари и вицепремиерско и министерско место за добро владеење на кое сега е […]

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија Од 1 јуни ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазарот со електрична енергија, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Ова било повод, како што стои […]

Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии

Турција планира да отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии во јули, со вкупна вредност на проектот од над 400 милиони долари, објави „Хурријет дејли њуз“. Фабриката ќе биде лоцирана во близина на градот Сивас во Централна Турција, а водечката компанија на проектот „Елин Енерџи“ (Elin Energy) планира масовното производство на чипови и соларни […]

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој. Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде […]