Мицотакис награден за владините реформи и грчката економија

За владините реформи и закрепнувањето на грчката економија, премерот на Грција Киријакос Мицотакис беше одликуван со златен медал на Фондацијата „Лудвиг Ерхард“ во рамките на годишната конференција на Економскиот совет на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека наградата му припаѓа на грчкиот народ и посочи дека постоеше период кога […]

ВО СРБИЈА ОД ОТКРИЕНИТЕ ФАЛСИФИКАТИ НАЈМНОГУ СЕ ВО ЕВРА

Во Србија, во првите три месеци од оваа година, откриени се 2.361 фалсификувани банкноти, од кои 450 биле во динари, а 1.911 во странски валути, соопштија од Народната банка на Србија. Најмногу фалсификати има кај банкнотите со евра или 67,64 проценти (1.597), во динари се 19,06 проценти (450 парчиња), и американски долари 13,30 проценти. Кога […]

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај. Еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, како што изјави денеска, е стриктно бранење на фиксниот курс […]

Чие е ова време? „PenZy vs. GenZy“ на Халкбанк во потрага по одговорот на вечното прашање

Постојат ли воопшто „старите добри времиња“? Ќе дојдат ли некои нови подобри, или веќе ги живееме? Носталгија или оптимизам за иднината – што е посилно? Ќе се разберат ли некогаш генерациите што ретко зборуваат заеднички јазик? Халкбанк заедно со популарните јутјубери Бајкерот и Кросфитерот се во потрага по одговорот на овие прашања, поставени во форма […]

Крипто пазарите се враќаат во форма

Април 2025 година означи значајна пресвртница за глобалниот крипто пазар, како што е детално опишано во најновиот извештај на Binance. По периодот на неизвесност, дигиталните средства се вратија со обновена сила. Извештајот ги истакнува макроекономските катализатори, стратешката улога на Биткоинот и пошироката промена во расположението на пазарот – нудејќи убедлива слика за тоа каде се […]

Испраќањето и примањето пари сега е можно само со телефонски број или картичка: Visa Direct услугата достапна и на нашиот пазар

Како што глобалниот пазар на плаќања во реално време продолжува да расте и се очекува да достигне вредност од 34,16 милијарди долари до крајот на оваа година[1], Visa овозможи услуга за инстант парични трансфери, и во земјата и на меѓународно ниво, користејќи само телефонски број или платежна картичка. Со само неколку клика, граѓаните, компаниите и […]

Дама Карен Пирс во посета на Северна Македонија

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, дама Карен Пирс, ќе ја оствари својата прва официјална посета на Северна Македонија во среда, 14 мај. Дама Карен Пирс, еден од најискусните дипломати на Обединетото Кралство, е назначена за специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, во февруари оваа година, откако ја презеде функцијата од […]

Во Кавадарци повеќе новороденчиња споредено со лани

Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата. – Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме […]

Познатиот фестивал Д-фест во Дојран сега со ново име

Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“, откако се прекина успешната долгогодишна соработка со претходната продукција, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Годинашното 15 издание, ќе се одржи на 25, 26 и 27 јули, а Фестивалот ќе биде во ист формат и стил како и […]

Две македонски општини се вклучени во регионален проект за подобрување на условите за лица со попреченост

Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен Балкан. Целта на проектот е унапредување на положбата на лицата со попречености преку поддршка за вработување, зајакнување на локалните иницијативи и развој на […]