Царините за увоз на кинески стоки од 55 проценти остануваат непроменети, објави американскиот министер за трговија Хауард Лутник

Царините од 55 проценти за кинескиот увоз што ги наметнаа САД нема да бидат променети по склучувањето на нов трговски договор меѓу Пекинг и Вашингтон, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник. Трговскиот договор меѓу САД и Кина е „завршен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска, неколку часа откако преговарачите од двете страни се […]

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница. При тоа истакна дека во […]

СПОР НАПРЕДОК НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕКОНОМСКОТО ПРИБЛИЖУВАЊЕ КОН ЕУ, АНАЛИЗА НА ОЕЦД

Економиите на Западен Балкан во последните две децении забележале само скромен напредок во намалувањето на економскиот јаз со Европската Унија, се оценува во новиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Бруто-домашниот производ (БДП) по жител според паритетот на куповна моќ на земјите од Западен Балкан во 2023 година изнесувал нешто под 40 […]

ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите

Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар, објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи. Во документот […]

НЕПОВОЛНИ ПРОГНОЗИ ЗА БиХ: ВО ОПАСНОСТ СЕ 10.000 РАБОТНИ МЕСТА!

До крајот на 2025 година тешко е да се очекува позитивни промени на пазарот на трудот во Федерацијата на Босна и Херцеговина, а сегашниот број на вработени, динамиката на вработување и општите трендови не влеваат оптимизам, предупредува Адмир Чавалиќ, економски аналитичар и пратеник во федералниот парламент. Според него, првата причина е што од државниот буџет […]

КОИ ЗЕМЈИ ПРЕФЕРИРААТ ПЛАЌАЊА ВО ЕВРА, А КОИ ВО ДОЛАРИ!

Еврото и доларот продолжуваат да доминираат во трговијата на Европската Унија со остатокот од светот. Според извештајот на Евростат за изминатата година, еврото е најкористената валута во извозот, додека доларот го задржа својот примат во увозот. Bо 2024 година, eврото се користело во 51,7 отсто од сите извозни трансакции со земји надвор од Европската, а […]

Гувернерот Славески на прва средба со претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството

Во просториите на Народната банка се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот, д-р Трајко Славески и претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, Бјорн Габриел. Средбата беше по повод новиот мандат на гувернерот Славески и како можност за освежување на дијалогот и разгледување на досегашната и понатамошната соработка помеѓу двете институции. Во пријателска и […]

Кредитниот рејтинг на Групација Триглав унапреден од „A“ на „A+“ од страна на S&P

Стабилната среднорочна прогноза, укажува на очекувањето на S&P, дека Триглав ќе продолжи да остварува одлични резултати и ќе постигне профитабилен раст, истовремено задржувајќи цврста капитална позиција. S&P Global Ratings (вопонатамошниоттекст: S&P) гоунапредифинансискиотикредитниотрејтингнаГрупацијаТриглав од „A“ на „A+“, соштобеаунапредениирејтинзитенаматичнатакомпанијаЗаваровалницаТриглавиначленкатанагрупацијата–ПозаваровалницаТриглавРе.Унапредениотрејтингимастабилнасреднорочнапрогноза, штоукажуванаочекувањетона S&P декаТриглавќепродолжида остварува одличнирезултати, ќеја задржицврстатакапиталнапозицијаиводечкатапозицијавоСловенија, продолжувајќиистовременосопрофитабилнаекспанзијанамеѓународнитепазари. S&P гоунапредиирејтинготнадветесубординираниобврзницинаТриглавод„BBB+“на„A-“. S&P го истакнува силниот учинок на Триглав во […]

Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена

Трикратната олимписка шампион Самер Мекинтош од Канада постави нов светски рекорд на 400 метри мешано. На државното првенство во Монтреал, Канаѓанката оствари резултат од 4 минути 23,65 секунди. Претходниот светски рекорд за ова растојание исто така и припаѓаше на Мекинтош – тој беше 4 минути 24,38 секунди. Мекинтош за пет дена собори три светски рекорди. […]

Данска воведе задолжителна воена служба за жените

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените. По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. „Поради моменталната […]