ПОРАКА ОД УЈП: Сите угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи упати потсетување до сите угостители, трговци и вршители на дејност на законската обврска да го регистрираат готовинскиот промет преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за секоја наплатена стока или услуга. -Покрај тоа, деловните субјекти се должни да го евидентираат остварениот промет и да го уплатат кај носителот на […]

Словенија ќе (из)гради општество на финансиски писмени граѓани

Владата на Словенија формираше Совет за финансиска писменост што е во согласност со Стратегијата за развој на пазарот на капитал на Словенија за периодот 2023-2030 година и Националната програма за финансиска писменост. Советот за финансиска писменост ќе игра клучна улога во спроведувањето на националната програма, објави Министерството за финансии на Словенија. – Целта е да […]

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената на современи и високоспецијализирани медицински интервенции во областа на ортопедија и трауматологија во нашата земја. Како што информира Министерството за здравство, во првиот случај е извршена операција на коскена циста кај 45-годишен пациент. […]

„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци

„Авенга академи“, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен „Seavus Education and Development Center“), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан „Challenge Day“ – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот. Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во […]

ПАНЕЛ ЗА ТЕМАТА АФАЗИЈА, Педесет отсто од мозочните удари можат да се предвидат

Во Скопје дневно има еден до два мозочни удари, дури 50 отсто од нив можат да се предвидат. Најчестите предизвици со кои се соочуваат овие пациенти се нарушената способност комуникација и движење. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија на тема афазија, во организација на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – […]

Фудбалскиот синдикат бара задолжителен одмор од 8 недели за професионалните играчи

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПро) побара врз основа на експертски извештај воведување дванаесет заштитни мерки за здравјето на фудбалерите, вклучително и осумнеделна пауза помеѓу сезоните. „ФИФПро повикува на итна имплементација на заштитни мерки засновани на докази за заштита на фудбалерите, се наведува во соопштението објавено пред почетокот на Светското клупско првенство кое стартува в […]

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски. Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен. Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година […]

Граѓаните да ја разберат важноста на пријавувањето корупција, почнува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска. На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, […]

Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје

Без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје, откако по пожарот што се случи денеска напладне во депонијата Вардариште превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”. – Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен […]

Царините за увоз на кинески стоки од 55 проценти остануваат непроменети, објави американскиот министер за трговија Хауард Лутник

Царините од 55 проценти за кинескиот увоз што ги наметнаа САД нема да бидат променети по склучувањето на нов трговски договор меѓу Пекинг и Вашингтон, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник. Трговскиот договор меѓу САД и Кина е „завршен“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска, неколку часа откако преговарачите од двете страни се […]