Големо поскапување на дизелот, цената на бензините останува иста
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука. […]
ФЕД ги задржа каматните стапки продолжуваат стагфлациските притисоци
Федералните резерви вчера ги задржаа каматните стапки стабилни, поради очекувањата за повисока инфлација и понизок економски раст, и продолжија да укажуваат на две намалувања подоцна оваа година. Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви ја задржа својата клучна каматна стапка во опсег помеѓу 4,25% и 4,5%, а ова ниво се применува од декември. Економските проекции […]
Членки на Надзорен и на Управен одбор во Гранит купија акции од компанијата
Согласно член 34 од правилата за котација известуваме дека членот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Катерина Ѓердовска се стекна со 500 обични акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и членот на Надзорниот Одбор на ГД Гранит АД Скопје, Виолета Божиноска се стекна со 500 обични акции […]
Централните банки ги намалуваат резервите во долари и се ориентираат кон купување злато
Централните банки во светот продолжуваат со стратегијата за купување на повеќе злато за подобрување на своите резерви, додека во наредните пет години се очекува намалување на учеството на американскиот долар, покажува новото истражување меѓу глобалните монетарни власти. Поради геополитичките ризици и најавените санкции од САД се повеќе растат „сомнежите“ за доминацијата на американскиот долар и […]
Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста
Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава. Тие искажаа задоволство од досегашната проактивност во водењето на монетарната политика и постојаното унапредување на регулативната и супервизорската рамка. Оваа порака беше […]
Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој
Шпаркасе Банка со гордост ја информира јавноста дека вчера беше успешно реотворена нејзината реновирана експозитура во Охрид. Со речиси 70.000 клиенти во Југозападниот регион, од кои 30.000 се во самиот Охрид, Банката останува столб на финансиската стабилност и раст во оваа заедница. Новата целосно реновирана експозитура се простира на површина од приближно 400 метри квадратни […]
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ со проектиран раст од 3,7 отсто и инфлација од 2,8 отсто
Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. – […]
МАКЕДОНСКАТА УЈП ДОБИ МЕСТО ВО ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА ИОТА
Управата за јавни приходи на 29. Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација. – Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен […]
Во пораст цените на суровата нафта и вредноста на акциите на нафтените компании
Цените на суровата нафта на американскиот пазар (WTI) продолжија да растат и денес се искачија на 76,50 долари за барел, кое е највисоко ниво во последните пет месеци. Причината за овoj раст е влошувањето на состојбата на Блискиот Исток, што го загрози снабдувањето со енергија од тој регион. Ова се случи откако американскиот претседател Доналд […]
Генерацијата Z побрзо го менува работното место, најчесто поради „ експериментирање“
Генерацијата Z (младите родени од 1996 – 2012 година) сака поголема флексибилност во однос на работното време и обврските, а и поинаку го разбира светот. Таа ќе ја креира иднината и поради тоа државите треба да се прилагодат на нејзините потреби, беше речено на денешниот форум што го организира СТАР иницијативата. Оваа категорија млади луѓе […]