За викендот посвежо до 34, потоа затоплување до 38 степени!
Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, ќе се се задржи и утре, соопшти УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник […]
ЗА ЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА ЗА 30 ОТСТО ПОМАЛКУ ПРВАЧИЊА ВО БИТОЛА!?
Новата учебна година во Битола ќе ја почнат 529 првачиња и тоа е за 238 првачиња помалку затоа што лани беа запишани 767 првоодделенци. Најмалку првачиња запишани се во основните училишта „Александар Турунџев“ и „Св. Кирил и Методиј“ каде во училишните клупи ќе седнат 10 во Кукуречани и 24 деца во Битола, а најмногу првачиња, […]
ОТПУШТАЊЕ ВО НАТО! – Руте планира да укине два оддела и десетици позиции во седиштето во Брисел
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го намалува персоналот во најмоќниот воен сојуз во светот како дел од напорите за реструктуирање. Руте, кој е на функцијата од октомври 2024 година, планира да укине два оддела и десетици позиции во седиштето на НАТО во Брисел, изјавија тројца сегашни функционери на НАТО и еден поранешен за бриселскиот […]
ЕУ доби дозвола за рударење на молибден на Гренланд
Гренланд одобри 30-годишна лиценца за проектот поддржан од Европската Унија за експлоатација на молибден, кој е на листата на критични метали и кој се користи во воздухопловството, енергетиката и одбраната. Дозволата ја доби компанијата „Гренланд Рисорсис“, која е котирана на берзата во Торонто, а која е поддржана од Европската Унија за суровини и која ја […]
ФЕД ги задржа каматните стапки продолжуваат стагфлациските притисоци
Федералните резерви вчера ги задржаа каматните стапки стабилни, поради очекувањата за повисока инфлација и понизок економски раст, и продолжија да укажуваат на две намалувања подоцна оваа година. Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви ја задржа својата клучна каматна стапка во опсег помеѓу 4,25% и 4,5%, а ова ниво се применува од декември. Економските проекции […]
Членки на Надзорен и на Управен одбор во Гранит купија акции од компанијата
Согласно член 34 од правилата за котација известуваме дека членот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Катерина Ѓердовска се стекна со 500 обични акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и членот на Надзорниот Одбор на ГД Гранит АД Скопје, Виолета Божиноска се стекна со 500 обични акции […]
Централните банки ги намалуваат резервите во долари и се ориентираат кон купување злато
Централните банки во светот продолжуваат со стратегијата за купување на повеќе злато за подобрување на своите резерви, додека во наредните пет години се очекува намалување на учеството на американскиот долар, покажува новото истражување меѓу глобалните монетарни власти. Поради геополитичките ризици и најавените санкции од САД се повеќе растат „сомнежите“ за доминацијата на американскиот долар и […]
МАКЕДОНСКАТА УЈП ДОБИ МЕСТО ВО ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА ИОТА
Управата за јавни приходи на 29. Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација. – Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен […]
Во пораст цените на суровата нафта и вредноста на акциите на нафтените компании
Цените на суровата нафта на американскиот пазар (WTI) продолжија да растат и денес се искачија на 76,50 долари за барел, кое е највисоко ниво во последните пет месеци. Причината за овoj раст е влошувањето на состојбата на Блискиот Исток, што го загрози снабдувањето со енергија од тој регион. Ова се случи откако американскиот претседател Доналд […]
Генерацијата Z побрзо го менува работното место, најчесто поради „ експериментирање“
Генерацијата Z (младите родени од 1996 – 2012 година) сака поголема флексибилност во однос на работното време и обврските, а и поинаку го разбира светот. Таа ќе ја креира иднината и поради тоа државите треба да се прилагодат на нејзините потреби, беше речено на денешниот форум што го организира СТАР иницијативата. Оваа категорија млади луѓе […]