Семос Едукација и ИСОС потпишаа Меморандум за стратешка соработка
Семос Едукација и Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел унапредување на дигиталната писменост и професионалните компетенции на сметководителите во земјава. Со овој меморандум, двете институции се обврзуваат заеднички да работат на креирање и реализација на специјализирани едукативни програми и обуки насочени кон примена […]
ЕУ ќе го проширува фронтот против царините на Трамп
Европската комисија подготвува нов сет контрамерки против американскиот претседател Доналд Трамп, кои, за прв пат, би вклучувале ограничувања во секторот на услуги и јавни набавки, пишува Политико. Овој можен пресврт во европската трговска стратегија доаѓа како одговор на сеопфатните царини на Трамп и најавите за дополнителни удари, вклучително и врз фармацевтската индустрија и полупроводниците. Идејата […]
ПОЛУПРАЗНИ ХОТЕЛСКИ И ПРИВАТНИ КАПАЦИТЕТИ ВО ЦРНА ГОРА!
Туристичката сезона во Црна Гора е во средината на јули, но приватните сместувачки капацитети и хотелите се полупразни, а што предизвикува незадоволство кај туристичките работници. Според експертите, пополнетоста на туристичките кревети во процек не надминува над 50 отсто, дури и во најпосетуваните дестинации како Будва, објавува порталот „Побједа“. Ситуацијата е исклучително лоша и во секторот […]
Колку ќе (до)плаќаат работодавачите за зголемениот минималец во Србија?
Минималната плата во Србија од 1 октомври оваа година ќе изнесува 337 динари за работен час (едно евро е околу 117 динари), наместо претходните 308 динари по работен час. Најниските плати ќе бидат зголемени двапати оваа година: првиот пат тоа беше направено во јануари со зголемување од 13,7 проценти, а вториот пат ќе биде во […]
БЕРЛИН ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА ДОЛГОРОЧНИОТ БУЏЕТ ПРЕДЛОЖЕН ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
Германската влада соопшти дека нема да прифати предлог на Европската комисија за зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ на вкупен волумен од два трилиони евра (2,3 трилиони долари) за годините од 2028 до 2034. Сеопфатно зголемување на буџетот на ЕУ е неприфатливо во време кога земјите-членки вложуваат значителни напори за стабилизирање на нивните буџети, изјави […]
Народната банка и централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со г. Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење. На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во […]
Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје
Од банката во соопштение доставено до Македонската берза информираат дека на ден 16.7.2025 година, г. Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје. Стојаноски беше дел од менаџерскиот тим на Банката од 2020 година.
МФ: Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјалнa заштита
Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и […]
ЕЦБ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ОТПОРНОСТА НА БАНКИТЕ НА РАЗЛИЧНИ СЦЕНАРИЈА ОД ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ РИЗИЦИ
Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ја провери отпорноста на банките во еврозоната на геополитички превирања следната година, изјави главниот супервизор Клаудија Бух, во контекст на сè поизразени ризици, вклучувајќи ги тарифите и санкциите. ЕЦБ долго време предупредува дека геополитиката е меѓу најголемите ризици за банките во еврозоната поради конфликтите во Украина и окупираниот палестински […]
Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква
Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка […]