МВР: Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец. Од МВР апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно […]
Трамп ќе испрати исто писмо за царините до 150 земји!
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека има намера да испрати исто писмо до повеќе од 150 земји, во кое ќе ги информира за царините со кои ќе се соочат. „Сè ќе биде исто за сите, за таа група“, изјави Трамп за време на состанокот со бахреинскиот престолонаследник Салман бин Хамад ал-Калифа во Белата куќа, […]
РЕАКЦИЈА од Грција, Бугарија и Романија: Високите цени на електричната енергија Југоисточна Европа ги загрозуваат конкурентноста на економиите
Здруѓенијата на индустриите од Грција, Бугарија и Романија кои трошат големи количини енергија ја предупредија Европската комисија дека Југоисточна Европа сè уште има највисоки цени на електричната енергија во ЕУ, што ја загрозува нивната конкурентност. Проблемот делумно произлегува од повеќегодишното отстапување што Австрија го спроведува во распределбата на прекуграничните капацитети, што го нарушува протокот на […]
Министерот Муцунски денеска во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во повеќедневна посета на Лондон, Обединетото Кралство. Во рамки на посетата, денес ќе оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. По средбата, предвидено е да биде потпишана […]
Божиновска во Атина по повод 20-годишнината од Енергетската заедница: Пазарна интеграција за поодржлива иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина. Овој значаен настан, одржан по повод 20-годишнината од формирањето на Енергетската заедница, собра министри од земјите-членки за да разговараат за клучните чекори кон целосна интеграција на електроенергетските пазари меѓу Европската Унија и Договорните […]
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД, Владата прави анализи како ќе делува до крајот на месецот
До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размисува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали. – Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера […]
Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје
Од банката во соопштение доставено до Македонската берза информираат дека на ден 16.7.2025 година, г. Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје. Стојаноски беше дел од менаџерскиот тим на Банката од 2020 година.
МФ: Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјалнa заштита
Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и […]
ЕЦБ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ОТПОРНОСТА НА БАНКИТЕ НА РАЗЛИЧНИ СЦЕНАРИЈА ОД ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ РИЗИЦИ
Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ја провери отпорноста на банките во еврозоната на геополитички превирања следната година, изјави главниот супервизор Клаудија Бух, во контекст на сè поизразени ризици, вклучувајќи ги тарифите и санкциите. ЕЦБ долго време предупредува дека геополитиката е меѓу најголемите ризици за банките во еврозоната поради конфликтите во Украина и окупираниот палестински […]
Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква
Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка […]