На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори […]

ВО ХРВАТСКА ПРОСЕЧНИОТ РАБОТЕН ЧАС ДОСТИГНА 8,42 ЕВРА, реален раст на платите во јуни

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен кај правни лица во Хрватска изнесуваше 1.444 евра во јуни, што е номинално повисока за 9,8 проценти и реално за 5,9 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со платата за мај оваа година, просечната нето плата за јуни беше номинално пониска за 0,5 проценти, а […]

Мицкоски: Продажната цена земјоделскиот производ е зголемена за 30 проценти или десет пати повеќе отколку инпутот

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во однос на најновите статистички податоци за инпутот и аутпутот во земјоделството. – Во рамките на земјоделството, се случува една појава, параметар што е многу значаен за економијата и за граѓаните но и за земјоделците, бидејќи […]

ГЕРМАНСКОТО УГОСТИТЕЛСТВО Е ВО „ТЕШКА“ КРИЗА, угостителите бараат намалување на стапката на ДДВ

Германскиот угостителски сектор поминува низ подлабоко криза, бидејќи и рестораните и хотелите забележаа пад на приходите во првата половина од годината, според најновите бројки од статистичката служба Дестатис. Приходите во угостителскиот сектор се намалија за 3,7 проценти во реални услови во првите шест месеци од оваа година во споредба со истиот период минатата година, објави […]

БЕСЕНТ ОЧЕКУВА „ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ ПРИХОДИ ОД НОВИТЕ ЦАРИНИ“

Американскиот министер за финансии Скот Бесент очекува значително повисоки царински приходи оваа година од претходно проценетите 300 милијарди долари (257,2 милијарди евра), додавајќи дека тие ќе бидат искористени за намалување на огромниот долг на земјата. „Реков дека царинските приходи оваа година би можеле да бидат 300 милијарди долари. Ќе морам значително да ја ревидирам таа […]

НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ

Берзанските индекси S&P 500 и Nasdaq на вчерашното тргување изгубија од вредноста главно поради падот на цените на акциите во технолошките компании пред состанокот на централните банкари во Џексон Хоул. Акциите на технолошките компании и големите производители на чипови паднаа во тргувањето по затворањето на берзата. Акциите на Nvidia изгубија речиси 3,5% од својата вредност, […]

Народна банка го поттикнува штедењето во домашна валута

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. Со измените и дополнувањата на Одлуката […]

Халкбанк со намалени тарифи за граѓаните и компаниите

Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции. Халкбанк во многу сегменти […]

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не […]

ЈУЛСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА Е ДВА ОТСТО, храната поскапела за 3,3 отсто

Годишната инфлација во eврозоната за јули изнесува два отсто, што е исто како и во јуни и е во согласност со прелиминарните проценки, објави денеска Евростат. Во услужниот сектор на еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,2 отсто на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 отсто во јуни. Цените на храната, […]