Турција воведува задолжително поставување камери и уреди за следење во возилата
Од 2026 година во Турција станува задолжително поставувањето на надворешни и внатрешни камери, уреди за следење и аларм-копче во сите регистрирани возила, согласно измените во законот објавени во турскиот „Службен весник“, пренесува ТРТ Хабер. Според регулативата, изготвена од Управата за копнен сообраќај, роковите за примена на мерката варираат во зависност од годината на производство на […]
Покрај добиениот арбитражен спор за рудникот „Казандол“ Македонија ги доби и арбитражите за „Саса“ и за „Гама“
Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на Буџетот од 565 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева. Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милиони […]
Најголем интерес за медицинските науки на уписот на Универзитетот „Гоце Делчев“
Почнаа уписите на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) во Штип. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров на денешната прес-конференција изјави дека уписите ќе траат во наредните три дена, а според електронското пријавување и годинава најголем интерес за запишување на студенти во прва година за академската 2025-2026 година има за Факултетот за медицински […]
Во Албанија нема кој да седне во училишните клупи!
Предуниверзитетскиот образовен систем во Албанија доживува силен пад на бројот на учениците бидејќи според податоците од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во минатата учебна, 2024/25 година, имало над 11.000 ученици помалку, споредено со претходната учебна година. Најзначајно намалување е забележано во основното образование, каде имало околу 7.000 ученици помалку, додека во средните училишта бројот […]
За 2.800 денари е поскапа синдикалната минимална кошница, по укинувањето на активните владини мерки
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија Од ССМ […]
КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА НАЦИОНАЛНОТО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА РЕФОРМИ И РАСТ
Министерот за европски прашања и национален координатор за Инструментот за реформи и раст, Орхан Муртезани, денеска во Министерството за европски прашања го одржа првиот состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст. На состанокот, како што информираат од Министерството за европски рашања согласно владината одлука, било официјално конституирано телото и утврден неговиот […]
Народна банка го поттикнува штедењето во домашна валута
Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. Со измените и дополнувањата на Одлуката […]
Халкбанк со намалени тарифи за граѓаните и компаниите
Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции. Халкбанк во многу сегменти […]
УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не […]
ЈУЛСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА Е ДВА ОТСТО, храната поскапела за 3,3 отсто
Годишната инфлација во eврозоната за јули изнесува два отсто, што е исто како и во јуни и е во согласност со прелиминарните проценки, објави денеска Евростат. Во услужниот сектор на еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,2 отсто на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 отсто во јуни. Цените на храната, […]