„Танцот на змејот и слонот“ – економската соработка меѓу Кина и Индија

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани. Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен […]

Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц […]

Во Бугарија „не поминува“ модел на четиридневна работна недела

Дискусиите за пократка работна недела, кои веќе се тестираат во некои делови од Европа, наидуваат на силен отпор во Бугарија, а идејата за скратување на работната недела на четири дена е силно спротивставена од организациите на работодавачи, објавува БТА. Дебатата беше поттикната откако Грција поднесе предлог-закон со кој ќе им се овозможи на родителите да […]

Потрошувачката на лекови за слабеење бележи висок раст, објавија од хрватската агенција за лекови

Хрватската агенција за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) објави дека во 2024 година, потрошувачката на лекови, вклучително и оние што се користат за слабеење, се зголемила за 28 проценти. Најголем пораст е забележан кај лековите што првенствено се препишуваат за третман на дијабетес тип 2, а во последниве години тие се повеќе се користат и […]

Олдтајмери од 11 држави во септември доаѓаат во земјава

Од 27 септември над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. […]

ПРЕКИНАТА ИСПОРАКА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ СО МИЛИОН ЛАЖНИ ЕВРА, ДОЛАРИ И ФУНТИ, во заедничка акција на европската полиција

Европол ја поддржа заедничката операција на полицијата и судските власти, со која е прекината на дистрибуцијата на фалсификувани пари преку поштенски пратки. За време на акцијата, беа пресретнати речиси милион парчиња лажни пари: евра, американски долари и британски фунти, со вкупна проценета вредност од повеќе од 66 милиони евра, пишува „Вечерњи лист“. „Успехот на операцијата […]

Најопасната плажа е во Флорида со регистрирани 277 напади од ајкули, според студијата на американската агенција

Плажите во Флорида се меѓу 10-те американски плажи со најголем број напади, според студијата на Агенцијата за временска прогноза на САД. Истражувањата покажаа дека плажата Нова Смирна во Флорида е на врвот на листата со 277 напади од ајкули во периодот до 2024 година, објавува Фокс њуз. Рајан Бландел, основач на Агенцијата за временска прогноза, […]

ПАДНАТИ КРОВОВИ ОД ЗГРАДИ, невреме со силен ветер во Скопје, повеќе пожари и материјална штета

Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места. Директорот на ЦУК за МИА вели дека […]

ДЕВЕТ ОТСТО ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОБРОК СО МЕСО, РИБА ИЛИ ВЕГЕТАРИЈАНСКА ХРАНА

Во 2024 година, 8,5 проценти од населението на Европската Унија не можеше да си дозволи оброк што содржи месо, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден. Ова претставува намалување од еден процентен поен во споредба со 2023 година, кога тој удел изнесуваше 9,5 проценти, објави Европскиот завод за статистика (Евростат). Уделот беше значително поголем кај […]

ЕВЕ ЗОШТО ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГРЧКИТЕ МАРКЕТИ Е 1,59 ОТСТО!-пониски цени во август имало кај: детергентите, храната, предмети за домаќинството, канцелариски материјали, козметиката и производи за лична хигиена…

Цените на производите во супермаркетите во Грција се стабилни (+0,18 проценти) во август во споредба со јули, а во последните 12 месеци, односно од август 2025 до август 2024 година, тие покажуваат мал пораст (0,78 проценти), додека цените на училишниот прибор во супермаркетите се малку пониски отколку во 2024 година (-0,70 проценти). Ова е резултат […]