Германија има „вишок“ од 60.000 државни службеници, масовни вработувања во јавниот сектор
Студија на Институтот за германска економија (IW) од Келн докажува дека државата вработува десетици илјади државни службеници повеќе отколку што е реално потребно. Бројот на невработени во Германија ја надмина бројката од 3 милиони, достигнувајќи највисок десетгодишен рекорд. Сепак, како што открива германскиот Билд, оваа бројка би била значително поголема доколку немаше масовно вработување во […]
Како Европа ја редефинира својата енергетска мапа?
Европската Унија потпиша договор за увоз на течен природен гас, нафта и нуклеарно гориво од Соединетите Американски Држави во вредност од 750 милијарди долари до 2028 година. Договорот, кој беше објавен на 27 јули од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, е дел од поширок трговски […]
ПОВОЛНОСТИ ЗА УВОЗНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА, во сила нови правила за одобрување возила
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој […]
Казахстан вложува милијарди долари во глобалната трка за вештачка интелегенција
Казахстан планира да инвестира дел од своето национално богатство во инфраструктура за вештачка интелигенција, приклучувајќи се кон глобалната трка во која земјите богати со енергија и фондовите за ризичен капитал влеваат милијарди долари во секторот и покрај ризиците и растечките проценки. Националната инвестициска корпорација (NIC), дел од централната банка која управува со 3,4 милијарди долари […]
Новиот LYNK & CO 08 пристигна во Македонија
Иновативниот LYNK & CO 08 е првиот plug-in хибрид во Европа со досег од 200 км и брзо полнење со еднонасочна струја. Новиот Lynk & Co 08 официјално пристигна на македонскиот пазар и го редефинира значењето на plug-in хибридите. Овој SUV нуди електричен домет од 200 километри и можност за DC брзо полнење, што овозможува […]
Дизел горивата поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 68,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за […]
Најмногу слободни места во градежништвото, хотелиерството и административно услужни дејности
Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08 %. Највисока стапка на слободни работни места има во секторите: Градежништво со 3,18 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3,77%, Административни и помошни услужни дејности 3,11%. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 %. Деловните […]
КОЛКАВА Е ЗАШТЕДАТА ЗА СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ СО ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ!
По повод почетокот на спроведувањето на Уредбата за ограничување на трговските маржи на 20 отсто, првиот вицепремиер и министер за финансии во Србија Синиша Мали денеска пазареше во истиот маркет, каде што минатата недела купи артикли од 23 категории, и за истите производи доби пониска сметка за околу 15 отсто. За 25 производи од истите […]
Од невремето во Скопје повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли и штети
Како резултат на невремето кое во попладневните часови го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 биле пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и во мал дел оштетување на приватна сопственост (моторни возила, настрешници и др.) Пријавите се однесуваат на следните локации: 1. Ул. Теодосиј Гологанов кај АМСМ (паднато дрво врз возило) […]
Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц […]