Тарифите на Трамп го намалија буџетскиот дефицит во САД
Буџетскиот дефицит на САД се намали за 41 милијарда долари на 1.775 милијарди долари во фискалната 2025 година, бидејќи зголемувањето на приходите од царини наметнати од претседателот на САД Доналд Трамп и намалувањето на трошоците за образование помогнаа да се компензираат повисоките трошоци за здравствена заштита, пензии и камати на долгот, соопшти Министерството за финансии […]
ОД МЕНУВАЧНИЦА ВО ЗЕМУН ДО СОПСТВЕНИК НА СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА, кој е претседателот на Управниот одбор на АЛТА БАНКА АД Белград
Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа вчера донесе Решение за утврдување на успешноста на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола, дадена од АЛТА БАНКА АД Белград. Врз основа на извршената понуда, АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со вкупно 345.175 обични акции, што претставува учество од 88,2852% од вкупниот […]
Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ. На средбите присуствуваше и министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот […]
Расте инфлацијата во Еврозоната, намалени цените на енергијата
Годишната инфлација во Еврозоната се зголеми во септември од два процента во август на 2,2 проценти, според претходната прелиминарна проценка, објави Евростат. Во услужниот сектор на Еврозоната, во септември е забележана инфлација од 3,2 проценти на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со 3,1 процент во август. Цените на храната, алкохолот и тутунот се […]
„Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот
Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува институционална рамка за заедничка реализација на проектот „Фискална едукација“. Меморандумот го потпишаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и директорката на УЈП, м-р Елена Петрова. Проектот „Фискална едукација“ ќе се имплементира во […]
Кој всушност го купува златото? – одговорот за „рекордната“ побарувачка не е само во централните банки
Цената на златото продолжува да урива рекорди, а главната причина што најчесто се наведува се масовните купувања од страна на централните банки. Сепак, официјалните податоци и медиумскиот наратив не одат рака под рака и дека „рекордната“ побарувачка на златото може да се базира повеќе на проценки отколку на факти, се наведува во анализата на Financial […]
Четвртата конференција НАУКА ЗА ДЕЦА со можност за следење онлајн
Во петок и сабота (17 и 18 октомври), во Интернационалното училиште НОВА, ќе се одржи четвртата конференција НАУКА ЗА ДЕЦА под мотото „Наука за деца В.И. претставува…“ Свеченото отворање на конференцијата е во петок (17 октомври) во 18:30 часот и целото ќе може да се следи онлајн, на Фејсбук страницата на НАУКА ЗА ДЕЦА. Во […]
ОПШТЕСТВО | Дејан Азески: Вакцина против рак
Светот се наоѓа на вратата на нов метод на револуционерно лекување на тешката болест која паралелно се развива во повеќе држави. Русија е првата која потврди дека почнува со клинички тестирања и со употреба на т.н. вакцини против рак. Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките тестови и се покажа како безбедна и многу […]
Русија прва почнува со тестирање на „вакцина против рак“ – нова надеж во борбата со болеста
Светот е на чекор до револуционерна промена во третманот на ракот. Русија потврди дека започнува клинички тестирања на т.н. вакцини против рак, по успешни претклинички испитувања кои покажале висока ефикасност и безбедност, со намалување на туморите до 80 проценти. Првичната цел на вакцината е лекување на колоректален рак, а се развиваат и терапии за глиобластом […]
Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК2030
По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. – Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – […]